Флора на Македонија
Флората на Македонија - го претставува сиот растителен свет, односно сета растителност на територијата на Македонија. Претставена е со околу 210 семејства, 920 родови и околу 3.700 видови. Најзастапена група се скриеносемениците, со околу 3.200 видови, проследени од мововите (350 видови) и папратите (42).
Фитогеографски, Македонија ѝ припаѓа на илирската покраина на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Според Светскиот фонд за природа (WWF) и Дигиталната карта на европски еколошки региони на Европската агенција за животна средина, територјата на Република Македонија може да се подели на 4 екорегиони: пиндски мешани шуми, балкански мешани шуми, родопски мешани шуми и егејски тврдолисни[1] и мешани шуми.
Бројчена застапеност на растителните семејства, родови и видови
уредиСите родови и видови на растенија што виреат во Македонија се претставени во делото „Флора на Република Македонија“ од академикот Кирил Мицевски,[2] еден од најважните ботаничари во Македонија.
Група | Семејства | Родови | Видови | Подвидови, сорти, облици | Сите таксони |
---|---|---|---|---|---|
Џигерници | 29 | 42 | 66 | - | - |
Роговници | 1 | 1 | 1 | - | - |
Мовови | 34 | 124 | 330 | - | - |
Црвоточни | 3 | 5 | 6 | - | 6 |
Членестостеблени | 1 | 1 | 7 | 13 | 20 |
Папрати | 15 | 21 | 42 | 18 | 60 |
Голосеменици | 4 | 6 | 15 | 7 | 22 |
Скриеносеменици *Дикотиледони *Монокотиледони |
120 102 18 |
720 565 155 |
3.200 2.600 600 |
1.700 1.500 200 |
4.900 4.100 800 |
Вкупно растителни таксони | 210 | 920 | 3.700 | 1.740 | 5.350 |
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Оддел за растенија Архивирано на 21 октомври 2013 г. — Природонаучен музеј на Македонија
- Флората во Република Македонија[мртва врска] — Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)