Флејтист (Мане)
Флејтист(француски: Le fifre ) — маслена слика на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1966 година. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз[1].
Творец | Едуар Мане |
---|---|
Година | 1866 |
Вид | масло на платно |
Димензии | 160 см × 97 см |
Место | Музеј Орсе, Париз |
Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, оваа слика е една од најнежните и најстилизираните по боја.[2]
Опис
уредиПретставено е малдо момче што свири на пиколо флејта. Сликата настанала по претојот на мане во Шпанија и посетата на музејот Прадо, каде што се запознал и бил воодушевен од делата на Диего Веласкес.[3]
Стил
уредиСликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем импресионистички автор. Чувство за атмосфера. Еден вид дводимензионалност и намерно избегнување на студен реализам. Настојување на доминантно и провидно присуство на светлината и особено колоритот. Во многу елементи ова слика се разликува од другите по едноставноста и чистотата на изразот доловен со стилизирани и минималнаи линии.[4]
Техника на сликање
уредиМане бил еден од пионерите на импресионизмот. Избегнувајќи го тривијалното, лажно реалистичко и академско сликарство, тој ги надминува стереотипите и тргнува по патот на директното, на снажното и искреното ликовно изразување, подалеку од малограѓанското и декоративно, патетично прифаќање на сликарството. Мане настојува на провидно, директно скоро плакатско изразување.[5]
Влијание
уредиКако и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Поради специфичниот минимализам и директност, оваа слика ќе изврши влијание кај Анри де Тулуз-Лотрек и неговите антологиски плакати како и во елементарноста и лаконскиот израз кај Анри Матис, Пабло Пикасо.[6]
Наводи
уреди- ↑ Le fifre
- ↑ Manet[мртва врска]
- ↑ „Manet“. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на 2020-12-10.
- ↑ „Eduardo Manet“. Архивирано од изворникот на 2013-09-08. Посетено на 2020-12-10.
- ↑ Édouard Manet's
- ↑ Manet’s
Надворешни врски
уреди- Notice du tableau, musée d'Orsay Архивирано на 15 јули 2018 г.
- Amédée Renault, Le Fifre de Manet ? contribution à l'identification du modèle du Fifre de Manet
- Le Louvre Abu-Dhabi, Le Parisien