Фламингоси (група)

Фламингоси се музичка група од Србија и Црна Гора, составена од ТВ водителот Огњен Амиџиќ и глумецот Маринко Маџгаљ. Со џез пејачот Луис, групата го освоила првото место на Беовизија во 2006 со песната „Луди летни плес/Ludi letni ples“ (македонски: Луд летен танц).

Фламингоси
ПотеклоСрбија и Црна Гора
ЖанровиСрпска музика
СоработнициЛуис
Членови
Огњен Амиџиќ
Маринко Маџгаљ

Српско-црногорски избор за песна на евровизија 2006

уреди

На српско-црногорскиот избор за песна на Евровизија, кој се одржал на 11 март 2006 во „Сава центар“ во Белград, Фламингоси го освоиле второто место. Најголем број бодови на изборот имала групата No name со песната „Моја љубави“ (македонски: Моја љубов), откако жири-комисијата од РТЦГ не доделила ниту еден бод на двете најдобро пласирани песни на Беовизија, меѓу кои и „Луд летен танц“. Со гласни негодувања, свирења и фрлање на шишиња на сцената, публиката во Сава центар не дозволила[се бара извор] да се изведе победничката песна, која победила благодарејќи на комисијата од РТЦГ. Инаку второпласираната „Луд летен танц“ била прва на телевоутингот.

Како епилог на спорот околу резултатот од гласањето, РТС и РТЦГ соопштиле дека не е избран претставник на Србија и Црна Гора за Евровизија 2006 во Атина.