Фернандо де ла Мора (град)
Фернандо де ла Мора е град во Парагвај. Градот се наоѓа во Централниот департман и е дел од метрополитенската област Голем Асунсион. Со своите 160.000 жители, Фернандо де ла Мора е еден од поголемите градови во Парагвај. Името на градот потекнува од политичарот Фернандо де ла Мора.
Фернандо де ла Мора | |||
---|---|---|---|
Fernando de la Mora | |||
| |||
Местоположба во Парагвај | |||
Координати: 25°19′12″S 57°32′24″W / 25.32000° ЈГШ; 57.54000° ЗГД | |||
Држава | Парагвај | ||
Департман | Централен департман | ||
Основан | 28 февруари 1939 | ||
Управа | |||
• Општински управник | Едгар Рамон Кинтана | ||
Површина | |||
• Вкупна | 29 км2 (11 ми2) | ||
Надм. вис. | 143 м | ||
Население | |||
• Вкупно | 162.652 | ||
• Густина | 5,600/км2 (15,000/ми2) | ||
Поштенски код | 2300 | ||
Повик. бр. | (595)(021) |
Градот е поделен на два региона: јужен и северен регион. Градот зафаќа вкупно 21 километар квадратен. Во градот се наоѓаат околу 62 зелени површини.
Потекло на поимот
уредиГрадот порано се нарекувал Завала Куе. Сепак, градот бил преименуван во чест на борецот за независност на Парагвај - Фернандо де ла Мора.
Демографија
уредиГрадот има околу 162.652 жители. Од вкупното население, околу 77.609 жители се мажи, а 85.042 жители се жени.
Клима
уредиГрадот има топла клима. Во летните периоди температурата достигнува до 40 срепени, а во зимските паѓа до 0 степени. Просечната годишна температура е 22 степени.
Збратимени градови
уредиНаводи
уреди- Geografía del Paraguay - Editorial Hispana Paraguay S.R.L.- 1a. Edición 1999 - Asunción Paraguay
- Geografía Ilustrada del Paraguay - ISBN 99925-68-04-6 - Distribuidora Arami S.R.L.