Ферија дел Сол (Мерида)
Ферија дел Сол (шпански : Feria del Sol, во превод Саем на Сонцето) или исто така познат како карневал Taуринo де Америка (во превод карневал на борба со бикови во Америка) е меѓународен културен настан, кој се одржува секој февруари во градот Мерида, Венецуела. Во рамките на фестивалот се одржуваат натпревари во борба со бикови, културни и зоолошки изложби, концерти, паради, спортски настани и избор на мис, која пак се стекнува со титулата „Кралица на сонцето“ (La Reina Del Sol).[1]
Историја
уредиИдејата за одржување на фестивалот се јавува откако група љубители одлучуваат да изградат терен за борба со бикови. Таквите бобри со бикови уживаат голема популарност и во други венецуелскиот градови. Првично е решено празникот да се одржува на Денот на зачнувањето на Дева Марија, кој се прославува на 9 и 10 декември . Поради дождот во декември е решено празникот да се одржи на денот кога се одржува карневалот познат како "Ферија дел Сол". Ова се случува во 1969 година и празникот трае три дена, односно на 15, 16 и 17 февруари и станал еден од најважните фестивали на борба со бикови во Венецуела и во светот.
Наводи
уреди- ↑ Krzysztof Dydyński, Charlotte Beech, Venezuela, Lonely Planet, 2004, ISBN 1-74104-197-X
- Guide EDT/Lonely Planet, Venezuela, EDT srl, 2007, ISBN 88-6040-157-7 (италијански)
- Susan Brushaber, Arnold Greenberg, Venezuela Alive, (Alive Guides Series, Hunter Travel Guides), Hunter Publishing, Inc, 1998 ISBN 1-55650-800-X
Надворешни врски
уреди- Страница на карневалот "Ферија дел Сол" Архивирано на 7 април 2010 г. (шпански)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |