Мерида (Венецуела)
Сантјаго де лос Кабалерос де Мерида (шпански: Santiago de los Caballeros de Mérida) е најголемиот и главен град на сојузната државата Мерида во јужноамериканската држава Венецуела . Населението на Мерида изнесува околу 204.879 жители (2001), а заедно со предградијата бројката изнесува 350.000 лица. Вкупна површина на Мерида е 25 км ² . Градот се наоѓа на 1.630 метри надморска височина и е основан во 1558 година.
Историја
уредиМерида е основана на 9 октомври 1558 година од страна на Хуан Родригес Суарес за време на рударската експедиција. Суарес решава да ја нарече населбата по името на својот роден град Мерида во Шпанија . Во ноември 1559 година Суарес е принуден да ја префрли населбата во регионот на денешната населба Зумба, поради постојани судири со локалното староседелско население.
Во 1560 година властите на вицекралство Нова Гранада го испраќаат Хуан де Малдонадо да го уапси Хуан Родригес Суарес, бидејќи тој не добил дозвола да основа населба. Хуан де Mалдонадо има за задача и да ја регулира новата населба. Така на 24 јуни истата година тој ја преместува населбата на сегашното место и го преименува во Сантјаго де Лос Кабалерос. До 1607 година градот е под надлежност на департманот Тунха , по што тој станува дел од Санта Фе . Во 1622 година Мерида станува резиденција на гувернерот на Мерида. Градот и гувернаторството се дел од Нова Гранада до 1777 година, кога сите стануваат дел од Капитенството Венецуела. Подоцна во градот била издигната епископска катедра, поради што е изградена и богословија, која во 1811 година прераснува во Андски универзитет.
Клима
уреди1951–1980 | јан | фев | март | април | мај | јуни | јули | авг | сеп | окт | ное | дек | годишно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Температура (°C) | 17.8 | 18.4 | 19.0 | 19.2 | 19.5 | 19.2 | 19.0 | 19.3 | 19.4 | 19.0 | 18.5 | 18.0 | 18.9 |
Врнежи (mm) | 47 | 39 | 53 | 167 | 238 | 167 | 127 | 128 | 200 | 256 | 199 | 87 | 1,704 |
Наводи
уреди- ↑ (шпански) F.A.V: Promedios climatológicos de Venezuela (1951 — 1980). Ciencias de la Tierra. ISBN 980-312-247-9
Надворешни врски
уреди- Merida.gob.ve Архивирано на 13 јануари 2020 г. (шпански)