Бандаж

(Пренасочено од Фелна)

Бандаж[1][2] — дел од тркало на возило на кое е поставена надворешна обвивка, која е направена од помек материјал, на пр. гума. Поради високите притисоци што ги поднесува, потребно е да биде изработен од потврд и поиздржлив материјал.

Алуминиумски бандаж

Уште во I век пр. н. е., на колите имало дрвени колца со метална обвивка. Кај нив металниот обрач (шина) се нарекува бандаж.

Одлики

уреди

Основните одлики на бандажите се:

  • Пречник: растојанието помеѓу оската и надворешниот раб на бандажот. Ова е една од битните одлики за возилото, па затоа е важно бандажите да бидат со соодветен пречник.
  • Ширина: уште еден основен параметар. Покрај тоа што е одлика на возилото, важно е и поради обвивката (гума) што го опкружува бандажот.
  • Тип: овде тие можат да се поделат на едноделни и повеќеделни бандажи. Едноделните бандажи се направени од едно парче поради високите притисоци кои ги поднесува, што ја зголемува неговата цврстина. Бидејќи тие обично се направени од некоја легура, тие се лиени во едно парче или изработени од една одливка. Кај камионите најчесто се користат повеќеделни бандажи. Во минатото дрвените бандажи биле составени од неколку дрвени делови. Исто така, бандажите за велосипеди се состојат од неколку метални делови.
  • Конструкција: постојат бандажи со спуштен центар и полуспуштен центар. Првиот тип се користи кај лесни патнички возила, додека вториот тип почесто се користи кај товарни возила.
  • Материјал: Бандажите може да се направат од голем број различни материјали како што се: дрво, челик (леано, пресувано или жица), алуминиум (леано, ковано или пресувано), магнезиум, титаниум, јаглеродни влакна или разни мешавини од претходните материјали и постапки.[3]

Занимливости

уреди

Поради можноста за фина обработка, бандажите се здобиле и со украсни својства. Челичните бандажи со нешто „погрд“ изглед се покриени со раткапни со соодветен дизајн. Раткапните обично се изработуваат од поевтина пластика која лесно се обликува. Додека бандажите кои се направени од подобри материјали се усовршуваат во обработката за да ги задоволат корисниците со својот изглед. Бандажите може да се украсат и со благородни метали, па дури и со скапоцени камења.[4] Така, цената на бандажите може многукратно да ја подигне цената на автомобилот.

Наводи

уреди
  1. „бандаж“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „бандаж“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Vrste felni
  4. „Most Expensive Rims in the World“. Архивирано од изворникот на 8 август 2013. Посетено на 3 септември 2013.