Пружина
Пружина[1] или федер[2] – машински елемент кој се користи за остварување еластични споеви. Под дејство на сила доаѓа до деформација на пружината, а по престанување на делувањето на сила се враќа во првобитната положба.
Намената на пружините е многу разнолика. Може да служат за привремено складирање (акумулација) на механичка енергија, за ублажување на удари (амортизер), за мерење сила, итн.
Поделба
уредиСпоред начинот на делување на товарот се делат на флексиони (адаптирани за виткање) и торзиони (адаптирани за усукување).
Во флексиони спаѓаат: прости лиснати пружини, спирални, завојни и чиниести пружини. Во торзиони спаѓаат затезни, притисни и полжавести пружини.
Хуков закон
уредиПовеќето пружини кои не се растегнати или стиснати преку границата на еластичност (приближно) го следат Хуковиот закон, па така при пресметките се смета дека силата со која пружината му се спротивставува на притисокот е линеарно пропорционална на промената на должината на пружината:
каде
- x е вектор на поместување – далечина и насока во која пружината се деформира
- F е вектор на резултантната сила - магнитуда и насока на повратната сила која ја врши пружината
- k е константа на пружината или константа на силата на пружината, дадена во N/m.
Пружините во облик на спирали и другите чести облици главно го почитуваат Хуковиот закон. Кај некои видови, особено при виткање, силите се нелинеарни и не важи Хуковиот закон.
Галерија
уреди-
Компресиона (притисна) пружина.
-
Затезна пружина.
-
Торзиона спирална пружина.
-
Ламелна опруга на автомобил.
-
Флексиона чиниеста пружина.
-
Торзиона полжавеста пружина.
-
Пинцета, вид проста лисната пружина.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Spring (device)“ на Ризницата ? |
- Paredes, Manuel (2013). „How to design springs“. insa de toulouse. Посетено на 13 November 2013.
- Wright, Douglas. „Introduction to Springs“. Springs, Notes on Design and Analysis of Machine Elements. Department of Mechanical & Material Engineering, University of Western Australia. Надворешна врска во
|work=
(help) - Silberstein, Dave (2002). „How to make springs“. Bazillion. Архивирано од изворникот на 18 септември 2013.