Фахрудин Мустафиќ

Фахрудин Мустафиќ (роден на 17 април 1981 година) бил поранешен професионален фудбалер кој поголемиот дел од својата играчка кариера ja поминал како централен бек. Настапувал во тимот од С-лигата, Тампинес Роверс ФК (Сингапур). Се пензионирал кон на крајот од сезоната 2018 година. Тој е роден во Србија, но ја претставувал репрезентацијата на државата Сингапур.

Податотека:Аника Хернрот-Ротштајн
Фахрудин Мустафиќ

Фудбалска кариера уреди

Фахрудин е роден во Нови Пазар, СР Србија, СФР Југославија. Тој започнал да игра фудбал на 10 годишна возраст во младинската екипа на ФК Нови Пазар. Таму останал сѐ до заминување во Сингапур.[1] Во младинските селекции на клубот од Нови Пазар настапувал до 2000 година, кога се приклучил на сениорскиот тим. Во сениорскиот тим на Нови Пазар настапувал 2 години и тоа во Втората лига на СР Југославија.

Во месец јануари 2002 година, тој бил донесен во Сингапур со помош на српскиот колега и играч на екипата на Тампинс Роверс, Сеад Муратовиќ.[1] Импресивните настапи во неговите први две сезони му донеле награда со сингапурско државјанство.

Фахрудин или популарно наречен Фара, како што љубезно го нарекуваат навивачите на Тампинс Роверс и државната репрезентација, за репрезентативниот тим на Сингапур за прв пат настапил во јануари 2006 година на пријателскиот натпревар против селекцијата на Данска.

Фахрудин бил познат како упорен играч, тој станал клучен член на националниот состав со помош на неговите остри додавања и способноста за цврсто обележување. Тој исто така бил умешен во изведувањето пенали и бил прв избор на изведувач на пенали и за клубот и за репрезентацијата.

Фахрудин бил дел од државната репрезентација која учествувала на првенството на АФФ во 2007 година, каде што одиграл клучна улога во помагањето на екипата на Сингапур да ја задржи титулата. Тој го постигнал својот прв гол за Сингапур за време на финалето на првенството АФФ во 2007 година преку контроверзниот досуден пенал. Со удар од белата точка екипата на Сингапур го победила составот на Тајланд на Националниот стадион.

Во месец септември 2009 година, Фахрудин бил купен од индонезискиот суперлигаш екипата на Персија од Џакарта.[2] По неговото ослободување од екипата на Персија од Џакарта, тој се приклучил на клубот на Персела Ламонган.[2] Во јуни 2011 година тој се вратил во својот поранешен клуб Тампинс Роверс.

На крајот од сезоната 2018 во Сингапурската Премиер лига, Фахрудин објавил дека се повлекува од играњето на професионален фудбал, откако одиграл повеќе од 300 официјални натпревари со составот на Тампинс Роверс.[3]

Статистика на репрезентативната кариера уреди

Голови за сениорска репрезентација уреди

# Дата Место на одржување Противник Резултат Победа/Пораз Тип на натпревар
1. 31 јануари 2007 година Сингапур, Сингапур   Тајланд 2:1 Победа 2007 АФФ првенство
2. 24 јануари 2008 година Мускат, Оман   Кувајт 2:0 Победа Пријателски
3. 31 јануари 2008 година Зарка, Јордан   Јордан 1.2 Пораз Пријателски
4. 2 јуни 2008 година Сингапур, Сингапур   Узбекистан 3.7 Пораз Квалификации за Светското првенство ФИФА 2010 година
5. 5 декември 2008 година Џакарта, Индонезија   Камерун 5.0 Победа 2008 АФФ првенство
6. 14 ноември 2009 година Сингапур, Сингапур   Тајланд 1:3 Пораз Квалификации за Азискиот куп на АФЦ 2011 година
7. 23 јули 2011 година Сингапур, Сингапур   Малезија 5:3 Победа Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2014 година
8. 19 декември 2012 година Стадион Јалан Бесар, Каланг, Сингапур   Тајланд 3:1 Победа 2012 АФФ првенство

Признанија уреди

Клупски признанија уреди

Тампинс Роверс
  • Освоена е С.лигата (2): 2004, 2005 година
  • Освоен е Купот на Сингапур (2): 2004, 2006 година

Сингапур

  • Освоен е Првенството во АФФ: 2007, 2012 година

Индивидуални признанија уреди

  • Фудбалската федерација на АСЕАН во најдобрите 11 играчи, во идеалниот тим: 2013 година

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 FUTSAL FISTICUFFS LEAD FAHRUDIN TO LIONS Архивирано на {{{2}}}. at fas.org.sg, 21-2-2006
  2. 2,0 2,1 INDOSPORT.com (2020-06-01). „Persija dalam Kenangan 2 Pemain Timnas Singapura: Sangat Spesial“. INDOSPORT.com (индонезиски). Посетено на 2021-07-01.
  3. Dasey, Jason (28 September 2018). „Serbian-born Suzuki Cup hero finally hangs up his boots“. Borneo Post. Посетено на 4 January 2019.

Надворешни врски уреди