Фаренхајтов степен

(Пренасочено од Фаренхајтова скала)

Фаренхајтова скала (Fahrenheit) — температурна скала осмислена во 1724 од холандско-германско-полскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686–1736) и го носи неговото име.[1] Степенот на оваа скала се нарекува фаренхајт (со мали букви) и има симбол °F. На оваа скала замрзнувањето водата се дефинира како 32 степени, додека пак вриењето се одвива на 212 степени. Во највеќето земји оваа скала е заменета со Целзиусовата во средината на XX век или нешто подоцна,[2] но сè уште е официјална во САД, Кајманските Острови и Белиз.[3] Ранкиновата температурна скала се темели на Фаренхајтовата, но овде нулата означува апсолутна нула.

Топломер со Фаренхајтови и Целзиусови степени

Дефиниција и претворање

уреди
Формули за претворање на Фаренхајтов степен
од Фаренхајтов степен во Фаренхајтов степен
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

На Фаренхајтовата скала, точката на мрзнење на водата е 32 степени (°F), а точката на вриење е 212 °F (при стандарден атмосферски притисок). Ова значи дека точките на вриење и мрзнење се разликуваат за точно 180 степени.[4] Затоа, еден степен на скалата изнесува 1180 од интервалот помеѓу овие две точки. На Целзиусовата скала, оваа разлика изнесува 100 степени. Температурниот интервал од 1 Фаренхајтов степен е еднаков на интервал од 59 Целзиусови степени. Овеи две скали се сечат во −40 °F (−40 °F и −40 °C), т.е. ја претставуваат истата температура.

Апсолутната нула се дефинира како −273,15 °C или −459,67 °F. Ранкиновата скала е има интервали со иста големина како Фаренхајтовата скала, така што температурната разлика од еден Ранкинов степен (1 °R) е еднаква на разликата од 1 °F, освен тоа што апсолутната нула е 0 °R – исто како што Келвиновата скала се совпаѓа со Целзиусовата (апсолутната нула е 0 K.[4]

Употреба

уреди
 
  Држава каде се користи Фаренхајтов степен.
  Држави каде се користи Фаренхајтов и Целзиусов степен.
  Држави каде се користи Целсиусов степен.

Фаренхајтовата скала била главен температурен стандард во метеорологијата, стопанството и медицината во англофонските земји сè до 1960-тите. Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Целзиусовата скала (до 1948 позната како „центиград“) ја заменила Фаренхајтовата во голем број земји, во текот на ниванта метрификација.[5]

Фаренхајтот сè уште е сеприсутен во САД, Белиз и териториите Порторико и Американски Девствени Острови за секојдневна намена[3]. Во науката се применува целзиусот и келвинот во сите земји.[6] Во некои држави се наведуваат двете мерки.[7]

Во некои земји фаренхајтот се користи во секојдневието заедно со целзиусот. На пример, Канада по закон ги следи метричките единици како претпочитани, со правни дефиниции за традиционалните канадски единици.[8] Временската прогрноза е во целзиуси, но печките, на пример, по закон работат со фаренхајтови степени.[9] Канадските топломери (аналогни и дигитални) ги имаат обете скали.[10][11][12]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Robert T. Balmer (2010). Modern Engineering Thermodynamics. Academic Press. стр. 9. ISBN 9780123749963. Посетено на 17 јули 2011.
  2. „Metric usage and metrication in other countries“. Архивирано од изворникот на 1999-02-21. Посетено на 11 декември 2009.
  3. 3,0 3,1 Belize National Meterotrological Service (17 јули 2011). „Current Conditions“. Посетено на 17 јули 2011.
  4. 4,0 4,1 Walt Boyes (2009). Instrumentation Reference Book. Butterworth-Heinemann. стр. 273–274. ISBN 9780750683081. Посетено на 17 јули 2011.
  5. Валутата и мерките во Нов Зеланд (англиски)
  6. „782 - Aerodrome reports and forecasts: A user's handbook to the codes“. World Meteorological Organization. Посетено на 23 септември 2009.
  7. Cayman Islands government weather service,
  8. „Canadian Units of Measurement; Department of Justice, Weights and Measures Act (R.S.C., 1985, c. W-6)“. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 5 јуни 2011.
  9. Pearlstein, Steven (4 јуни 2000). „Did Canada go metric? Yes - and no“. The Seattle Times. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 5 јуни 2011.
  10. „Example of analogue thermometer frequently used in Canada“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 6 јуни 2011.
  11. „Example of digital thermometer frequently used in Canada“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 6 јуни 2011.
  12. Department of Justice (26 февруари 2009). „Canadian Weights and Measures Act“. Federal Government of Canada. Архивирано од изворникот на 2011-08-10. Посетено на 17 јули 2011.