Фактори рекордс: Од Џој дивижн до Њу ордер и Хепи мандејс

Фактори рекордс: од Џој дивижн до Њу ордер и Хепи мандејс (англиски: The Factory Records: From Joy Division to New Order and Happy Mondays) – британски документарен филм од 2007 година, во режија на Крис Родли.

Содржина

уреди

Во еден темен, северен град во доцните 1970-ти, петмина сонувачи создадоа дискографска куќа - „Фактори рекордс“. Создадоа и три класични музички групи - „Џој дивижн“ „Њу ордер“ и „Хепи мандејс“, како и првиот британски суперклуб - „Хациенда“. Водени од Тони Вилсон, тие создадоа оригинална конфронтација помеѓу концептуалната уметност и уличната музика. Ова е приказна за тоа како еден ТВ-водител (Вилсон), невработен глумец (Алан Еразмус), студент на сликарство (Питер Савил), диџеј (Роб Гретон) и надежен музички продуцент (Мартин Ханет) станаа пионери на британската независна поп-култура, за тоа како осмислија нов Манчестер и потрошија купишта пари.[1]

Наводи

уреди