Клуб Серо Портењо

(Пренасочено од ФК Серо Портењо)

Клуб Серо Портењо (на шпански: Club Cerro Porteño ) е меѓу најпопуларните парагвајски фудбалски тимови. Тој е од населбата Обреро на главниот град Асунсион.

Серо Портењо
Cerro Porteño
Целосно имеClub Cerro Porteño
ПрекариAzulgrana
Основан1 октомври 1912
СтадионГенерал Пабло Рохас Стадион
Асунсион, Парагвај
(Капацитет: 30,000)
ПретседателПарагвај Хуан Хосе Запаг
ТренерУругвај Жорге Фосати
ЛигаПримера Дивизион
Апертура 2012Апертура 2012, 1-ви
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Со 27 освоени титули во Парагвај тој се наоѓа на 2-ро место по тој показател веднаш зад Олимпија.

Историја

уреди

Серо Портењо е основан на 1 октомври 1912 година од Сузана Нуњес и други млади студенти. Во тоа време, политичкиот живот во земјата е многу нестабилен, со континуирано непријателство меѓу 2-те водечки партии - Колорадската и Либералната. Како симбол на обединување и пријателството меѓу сите парагвајци основачите на тимот решаваат клупските бои да бидат во боите на двете партии - црвена (на Колорадската партија) и сина (на Либералната партија). Подоцна, за да може тимот да биде припокриен во боите на парагвајското знаме за боја на шорцевите е избрана белата.

Клубот е наречен на рид, крај кој Парагвајската армија постигнала една од најголемите свој победи. Битката се водела помеѓу Аргентинци, родени во Буенос Аирес (т.н. портењос ) во близина на ридот Мбае (на шпански: Серо Мбае , а битката била позната како рид Портењо - или Серо Портењо ) на 19 јануари 1811 година. Иако не добиваат поддршка од Шпанците, чија колонија е земјата, парагвајците сепак успеале да надвладеат над Аргентинците. "Серо Портењо" е познат како "тим на народот", бидејќи голем дел од неговите обожаватели се претставници на работничката класа, додека навивачите на вечниот непријател Олимпија се главно од погорните слоеви на општеството. Поради тоа се смета дека "Серо Портењо" е тимот со најмногу навивачи во земјата.

Со годините "Серо Портењо" се утврдува и се вбројува меѓу доминантните тимови во Парагвај. За сметка на тоа, сепак му недостасуваат меѓународни успеси. Иако има 32 учества на Копа Либертадорес најдобрoтo нивно достигнување се 5-те 1/2-финалиња. Од 4 учества на Копа Судамерикана "Серо Портењо" еднаш стигнал до 1/4-финалето и тоа му е најдобар успех во ова натпреварување.

Играчи

уреди

Моментален Состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Роберто Жуниор Фернандес
2   ОД Цезар Бенитез
3   СР Алексис Гонсалес
4   ОД Педро Бенитез
5   ОД Матиајас Сорухо (К)
6   ОД Гонсало Виера
7   ОД Валтер Алберто Лопес
8   НП Герман Алемано
9   НП Гуљелмо Белтран
10   СР Хулио Дос Сантос
11   ОД Карлос Бонет
12   ГМ Диего Барето
13   ОД Виктор Хуго Мареко
14   НП Хуан мануел Лусеро
15   ОД Луис Кардозо
Бр. Позиција Играч
16   СР Фиденсио Овиедо
17   СР Џонтан Фабро
18   СР Жорге Рохас
19   НП Роберто Нани
20   НП Алехандро Да Силва
21   НП Сантјаго Салседо
22   ОД Мариано Углесич
23   ОД Карлос Еспинола
24   НП Хосе Доминго Салседо
25   ГМ Пабло Гавилан
26   НП Анхел Ромеро
27   НП Ернан Родриго Лопес
28   СР Едгар Гонсалес
29   НП Оскар Ромеро

Титули

уреди
  • Примера Дивизион (29) : 1913, 1915, 1918, 1919, 1935, 1939, 1940, 1941, 1944, 1950, 1954, 1961, 1963, 1966, 1970, 1972, 1973, 1974, 1977, 1987, 1990, 1992, 1994, 1996, 2001, 2004, 2005, 2009 Апертура, 2012 Апертура

Надворешни врски

уреди