ФК Граѓански Скопје

ФК Граѓански Скопје (подоцна ФК Македонија) — поранешен фудбалски клуб од Скопје кој двапати се натпреварувал во Првата југословенска лига во периодот од 1923 до 1940 год, а потоа и во бугарското првенство од 1941 до 1944 г. Со окупацијата на Вардарска Македонија од страна на бугарските фашисти во 1941 година клубот бил преименуван во ФК Македонија Скопје и настапувал во бугарското фудбалско првенство под тоа име.

Историја

уреди

Клубот бил создаден во 1922 година[1] и бил единствениот и најуспешна екипа од Македонија (тогашна Вардарска Бановина како дел од Кралството Југославија) кој се натпреварувал во тогашната Прва Југословенска Лига во периодот од 1923 година до почетокот на Втората светска војна.

Во 1941 година клубот прекинал да постои поради почетокот на Втората светска војна, како и окупацијата на Вардарска Македонија од бугарските фашисти кои биле дел од Силите на оската. Повеќето од играчите, како и тренерот Илеш Шпиц се придружиле на новоформираниот клуб ФК Македонија во кој се слеале и другите фудбалски екипи од Скопје како ССК, ЖСК, Победа и Југ.[2] Во новата фудбалска средина клубот се натпреварувал од 1941 до 1944, при што го освоил второто место во 1942 година губејќи во финалето на бугарското првенство од Левски.

После ослободувањето од фашистичката окупација, клубот се враќа да игра во југословенското првенство, а во 1947 г. се спојува со Победа и се формира новиот клуб ФК Вардар кој ќе биде најуспешниот македонски клуб во Првата југословенска лига, но и подоцна во независна Македонија.[3]

Најпознат играч во ФК Граѓански (ФК Македонија) бил Кирил Симоновски кој играл како лев бек, подоцна играл и за ФК Партизан и со нив освоил два шампионата и еден куп. Тој исто така имал успешна кариера и како тренер во Југославија и Грција.

Наводи

уреди
  1. Спортскиот живот во градот Архивирано на 29 јануари 2018 г. на staroskopje.vestel.com.mk
  2. „Илеш Шпиц најнова филмска инспирација“. Архивирано од изворникот на 2013-01-11. Посетено на 2016-08-29.
  3. „Го смени ли Вардар името?“. Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 2016-08-29.