Ученичка дружина „Вардар”

Ученичката дружина „Вардар“ беше основана во 1893 год.[1] од Македонците кои се школувале во Белград, а создадено веднаш по задушувањето на Младата Македонска Книжовна Дружина во Софија (1893).[2]

Основачи на дружината се Крсте Петков Мисирков, Петар Попарсов, Даме Груев, Георги Баласчев, Димитар Мирчев, Христо Попкоцев и др.[1] Претседател на друштвото бил Никола Попов(иќ), а членови на управата: Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и други.[2]

Нејзината официјална цел, според „Правилата”, гласи: „Да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во географски, етнографски и историски поглед”, а чии неофицијални но вистински цели, според сведоштвото на нејзиниот член-основач К. П. Мисирков, биле: „Негојите членоји да се запознајат и да си изработат једна програма, која ќе ја осашчествуваат во Македонија тајно от србцката пропаганда”.[1]

Уште во следната година дружината се соочува со проблеми, а во 1895 година веќе и наполно исчезнува. Мисирков пишува дека тоа се случило затоа што „Србите не доверуваа на Македонците и зафатија да прајќаат во него „старосрбијанци”, црногорци, боснијци, ерцеговинци и пр... Но - вели тој - со растурајњето на другарството не се изменија чувствата и стремежите на Македонците во Србија. Они зафатија да следат ревољуционата организација, создадена од Македонци со србцко-бугарцко образуајње, како и односот на србите кон неја”.[1]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Гиза, Антони. „Балканските държави и Македония“, Македонски научен институт ­ София, 2001 г.
  2. 2,0 2,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 95. ISBN 9989-624-46-1.