Утман Таха
Утман ибн Абдух ибн Хусејн ибн Таха (најчесто само Утман Таха, арапски: عثمان طه) е арапски краснописец прочуен по тоа што рачно го изработил мусхафот (книжното издание) на Куранот што се издава во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот како официјален.[1]
Утман Таха عثمان طه | |
---|---|
Роден(а) | Алеп, Сирија |
Националност | Сириец |
Занимање | арапски краснописец |
Вера | сунитски ислам |
Родители | Абду Таха Хусеин |
Таха е роден во 1934 г. во предградие на Алеп, Сирија. Дипломирал шеријатско право на Дамаскиот универзитет, а студирал и арапски јазик, исламски декоративни уметности и сликарство.[1] Добил стручно краснописно уверение кај Хамид ел-Амиди, таканеречениот мајстор на сите краснописци во исламскиот свет. Учел краснопис и кај Муахамед Али ел-Мевлеви, Ибрахим ел-Рифаи (во Алеп), Мухамед Бедеви ел-Дијрани (во Дамаск) и Хашим ел-Багдади.[2]
Првиот мусхаф (пишан примерок на Куранот) го изработил во 1970 г.[1] Во 1988 престојувал во Саудиска Арабија, и заради неговиот извонредно убав, јасен и лесно читлив стил бил назначен за краснописец и краснописец во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот во Медина.[1] Истата година бил избран и за член на стручната жири комисија за доделување на Наградата за арапски краснопис која се одржува на секои три години во Истанбул.
За време на 18-те години работа во комплексот „Крал Фахд“, Утман има изработено четири мусхафи[1] од кои се дистрибуирани 200 милиони примероци ширум светот.[1] За три децении работа Таха изработил дури 10 масхафи.[1] Најчесто еден мусхаф бара повеќе од 3 години пишување и уште една година за лектура и коректура.[1]
Надворешни врски
уреди- Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот[мртва врска]
- Biography/interview Интервју со Утман Таха Архивирано на 4 октомври 2011 г. (арапски)
Наводи
уреди- Делумно засновано на статијата на арапски јазик
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Гави, Ахмад. „Утман Таха Архивирано на 26 февруари 2014 г.“, весник ЕлРијад, 23 ноември 2006.
- ↑ Статија на арапската Википедија (арапски)