Усеркафова пирамида

29°52′25″N 31°13′08″E / 29.87361° СГШ; 31.21889° ИГД / 29.87361; 31.21889

Усеркафовата пирамида

Усеркова пирамидастароегипетска пирамида која била изградена во 2490 п.н.е. од страна фараонот Усаркоф, кој бил основач на Петтата египетска династија. Градбата се наоѓа во пирамидалното поле Сакара, североисточно од Џосеровата пирамида. Пирамидата била изградена од делкан камен со средиштен дел од рушевини, а денес истата е срушена и остатоците наликуваат на конусен рид во песоците на Сакара.[1] Поради тоа, меѓу месното население е позната како „ел-харам ел-махарбиш“ или во превод „Грамада на каменот“[1] и од западните археолози во 19 век била препознатлива како кралска пирамида.

Пирамидата е дел од поголема гробна целина кој се состои од гробни храмови, капела за дарување и молитвена пирамида. Гробната целина исто така содржи одделна пирамида игробен храм за сопругата на Усеркаф Неферхотепес.[2] Храмот на мртовечницата Усеркаф и култната пирамида денес се целосно руинирани и тешко препознатливи. Пирамидата на кралицата не е ништо повеќе од насипна урнатина, а нејзината погребна комора е изложена од разбојници од камен.[3]

Целината значително се разликува од оние изградени за време на Четвртата египетска династија (околу 2613-2494 п.н.е.), што се огледа преку неговата големина, архитектура и местоположба (во Сакара наместо во Гиза). Како таква, тааа може да се смета за одраз на длабоките промени во идеологијата на кралството што се случиле меѓу Четвртата и Петтата династија, а можеби започнале уште за време на владеењето на Хасеркаф кој бил претходник на Усеркаф. Околу 1500 години по изградбата, пирамидалната целина била обновена од страна на Рамзес II. Во време на доцниот древноегипетски период (664-525 п.н.е.), пирамидалната целина служела како гробишта.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Jean-Phillipe Lauer (1988). Saqqarah, Une vie, Entretiens avec Phillipe Flandrin, Petite Bibliotheque Payot 107. ISBN 2-86930-136-7.
  2. Audran Labrousse and Jean-Philippe Lauer (2000). Les complexes funéraires d'Ouserkaf et de Néferhétepès. Vol. 1 and 2. IFAO. ISBN 2-7247-0261-1.
  3. Ian Shaw. The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. ISBN 0-19-280293-3.