Ураган Дора (1999)
Ураганот Дора беше еден од неколкуте тропски циклони кои беа следени низ сите три басени на северниот дел на Тихиот Океан и прв по ураганот Џон во 1994 година. Четвртата бура, трет ураган и втор голем ураган од сезоната на урагани во Тихиот Океан во 1999 година, [nb 1] Дора се разви на 6 август како резултат на тропски бран на југот на Мексико. Формирајќи се како тропска депресија, невремето постепено се зајакна и се претвори во тропска бура подоцна истиот ден. Потоа, Дора почна да се движи во постојан правец кон запад, пред да стане ураган на 8 август. Во услови на топли температури на површината на морето и ниско сечење на ветерот, бурата продолжи да се засилува, на крајот достигнувајќи го својот врв до 220 km/h претворајќи се во ураган од Категорија 4 на 12 август.
Потоа во текот на следните 4 дена, благодарение на промените на температурата на водата и ветерот, бурата се намали од ураган од категорија 4 во слаб ураган од категорија 1. Поминувајќи јужно од островот Хаваи на 16 август, Дора накратко го врати статусот на голем ураган. На18 август, циклонот помина јужно од Џонстонов Атол како ураган од категорија 1. Иако никогаш не допре до копното, Дора предизвика силни бранови со силни ветрови и слаб дожд низ островите Хаваи и Џонстонов Атол, но помина со минимална направена штета. На 20 август, Дора ослабна до ниво на тропска бура. По слабеењето до ниво на тропска депресија на 22 август, веќе следниот ден Дора комплетно згасна на неколку стотици милји северно од островот Вејк.
Метеоролошка историја
уредиТропски бран се појави во Атлантскиот Океан од западниот брег на Африка на 23 Јули. Тој поминуваше низ Атлантикот и Карипското Море неколку дена со минимален развој. До 4 август, системот на ураганот влезе во Тихиот Океан, придружен со неконтролирано движење . Во текот на следните 24 часа, сателитските снимки евидентираа ниско ниво на циркулација, како и формирање на закривени појаси. Како резултат на тоа, се проценува дека Тропската депресија Seven - E се формирала во 00:00 часот (UTC) на 6 август, и се наоѓала околу 540 км јужно од Акапулко. И покрај првичното вертикално дување на ветерот, депресијата постојано се засилуваше и подоцна истиот ден беше зголемена во тропска бура - Дора.[1] Откако стана тропска бура, бурата имаше пристоен одлив на нејзините западни квадранти. Следејќи ја од запад-северозапад, а потоа на запад по распаднатиот суптропскиот гребен,[1] Дора продолжи да се интензивира и беше зголемена дониво на ураган на 8 август врз основ на техниката Дворжак.[1]
Доцна на 8 август, бурата првенствено се состоеше од централно густо облачно време. Во 00:00 часот (UTC) на 9 август, Дора се засили во ураган од категорија 2. Неколку часа подоцна се разви око со пречник од околу 10 – 19 km, а дополнително се создаде циклон. на 10 август околу 00:00 часот, невремето се засили во ураган од категорија 3.[1] Ураганот продолжи кон запад или малку северно.[1] Доцна на 10 август, длабокиот процес значително се прошири и стана посиметрична, додека проценките на интензитетот на Дворжак покажаа дека Дора достигнала урган од категорија 4; NHC соодветно го надгради невремето во урган од категорија 4.[1]
Подоцна на 11 август, NHC предвиде дека ќе има бавно слабеење кое ќе започне за околу 24 часа, бидејќи бурата ќе премине преку малку поладни температури на површината на морето по ураганот Јуџин. Сепак, во 00:00 часот UTC на 12 август, Дора го достигна својот врвен интензитет со максимални постојани ветрови од 220 km/h и минимален барометриски притисок од 943 millibars (27.8 inHg) . Во времето на максималниот интензитет, ураганот имаше пречник на окото од 17 милји (27 km) но повторно го достигна максималниот интензитет до 12:00 часот UTC.[1] Циклонот повторно падна под максималниот интензитет во 12:00 часот UTC на 3 август поради постудените води и зголеменото дување на ветерот.[1][2] Дора ослабна доураган од категорија 3 околу шест часа подоцна,[1] кога окото се наполни со облаци и околните облаци се затоплија.
На почетокот на 14 август, должноста за следење за урагани беше префрлена од NHC во Центарот за урагани на Централниот Тихи Океан (CPHC), бидејќи бурата преминала 140°W. Дотогаш, снагата значително ослабна и падна во ураган од категорија 2 околу 06:00 часот UTC. Циклонот го задржа статусот на голем ураган од 00:00 часот UTC на 10 август до 06:00 часот UTC на 14 август – повеќе од 96 часа. Дора дополнително се намалуваше до ниво на ураган од категорија 1 ураган и се предвидуваше дека ќе се намали до ниво на тропска бура во рок од 24 часа.[1] Сепак, отчитувањата покажуваа ветрови со брзина од 107 милји на час (172 km/h) и сателитските проценки покажаа дека Дора повторно се зајакна до ниво на ураган од категорија 2 ураган со ветрови од 105 милји на час (165 km/h) околу 06:00 часот UTC на 15 август.[1] Набргу потоа, на сателитските снимки повторно се појави добро дефинирано око.
Комбинацијата од податоците од набљудувањата и сателитски снимки покажа засилување на бурата назад во ураган од категорија 3 во 06:00 часот на 16 август. [15] [2] Во тоа време, Дора поминува околу 320 км јужно од Хаваи – најблискиот пристап на бурата до копно. Секундарниот силен интензитет беше краток. Дора помина околу 105 км јужно од Џонстонов Атол на 18 август како урган од категорија 1 пред да сврти кон запад-северозапад. Околу 00:00 часот UTC следниот ден, Дора ослабна до ниво на тропска бура . Како резултат на тоа, бурата стана првиот тропски циклон по Џон во 1994 година што постоел во сите три басени на северниот дел на Тихиот Океан. Заедничкиот центар за предупредување за тајфуни го следеше остатокот од траењето на Дора. Бурата наиде на посилно смолкнување на ветерот,[2] и до 21 август, ветровите се намалија на ниво на тропска бура.[1] На 23 август, цирулацијата стана изложена на главната конвекција,[2] и во 18:00 часот UTC, тропската депресија Дора се растури околу 725 км североисточно од островот Вејк .[1]
Влијание и евиденција
уредиНа 16 август, моделите за прогнозирање предвидоа дека Дора ќе го заобиколи Џонстонов Атол на кратко растојание на југ, со некои загрижености за можен директен удар на островот.[3][4] Како резултат на заканата, околу 1.200 работници и жители го евакуираа осторовот на Хаваите . Пред да заминат, работниците ја обезбедија градежна опрема и други незацврстени предмети. Некои биолози на Џонстонов Атол беа загрижени дека ураганот сериозно ќе влијае на репродуктивниот циклус на над 150.000 птици во Националниот прибежиште за диви животни во Џонстонов Атол, загриженост која ппроизлезе откако ураганот Џон во 1994 година уби 80% од популацијата на птиците на островот.[5] Дополнително, Центарот за урагани на Централниот Тихи Океан предвиде дека Дора ќе го погоди островот Вејк како минимален тајфун, иако тоа не се случи.[1][3][4]
Океанскиот наплив од Дора произведе 2–6 м бранови долж источните и јужните брегови на островот Хаваи. Ова ги натера локалните власти да ги затворат сите плажи, кампови и природни патеки во областите Пуна и Кау поради влошените услови. Надворешните ленти на Дора произведоа ветрови до 95 km/h на некои високи области. Наврнаа слаби дождови, особено во северните и источните делови на островот, со количества од 0.5 to 1.5 инчи (13 to 38 mм) . Сепак, немаше врнежи во деловите на островот погодени од суша. Ураганот Дора, исто така, предизвика грубо сурфање на Атолот Џонстон.[6] Автоматската станица во Џонстонов Атол објави ветрови од 65–75 km/h во трање од два часа. Вкупните ефекти беа минимални, а нема извештаи за штета или повредени.[7]
Со вкупна патека од околу 10.500 км, ураганот Дора ја имаше втората најдолга патека на ураган на Тихиот Океан, зад ураганот Џон од 1994 година; должината на патеката на Дора беше повеќе од четири пати поголема од просекот.[8] Дора беше и првиот ураган во Тихиот Океан кој се приближи доволно за да биде откриен од радарот . Покрај тоа, ураганот беше првиот тропски циклон што се пресели низ сите три тихоокеански басени по ураганот Џон во 1994 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеtcr
. - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Gary Padgett. „Gary Padgett's report on Hurricane Dora“. Архивирано од изворникот на June 29, 2006. Посетено на May 7, 2019.
- ↑ 3,0 3,1 Benjamin C. Hablutzel (August 16, 1999). „Hurricane Dora Tropical Discussion Number 44“. Central Pacific Hurricane Center. Посетено на May 8, 2019.
- ↑ 4,0 4,1 Benjamin C. Hablutzel (August 17, 1999). „Hurricane Dora Tropical Discussion Number 45“. Central Pacific Hurricane Center. Посетено на May 8, 2019.
- ↑ Mary Adamski (August 17, 1999). „Hurricane evacuees start arriving in Hawaii“. Star-Bulletin. Архивирано од изворникот на 2005-02-15. Посетено на May 8, 2019.
- ↑ Hans E. Rosendal. „Hurricane Dora Tropical Discussion Number 50“. Central Pacific Hurricane Center. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на May 9, 2019.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеcphc
. - ↑ Neal Dorst (2004). „FAQ: What is the farthest a tropical cyclone has traveled“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Архивирано од изворникот на 2009-05-19. Посетено на May 8, 2019.
Надворешни врски
уреди- Hurricane Dora Tropical Cyclone Report
- JMA General Information of Severe Tropical Storm Dora (9911) from Digital Typhoon
- JMA Best Track Data (Graphics) of Severe Tropical Storm Dora (9911)
- JMA Best Track Data (Text)