Универзитетска библиотека „Луиѓ Гуракуќи“
Универзитетската библиотека Луиѓ Гуракуќи (албански: Biblioteka e Universitetit të Shkodrës “Luigj Gurakuqi”) ― библиотека на Скадарскиот универзитет „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија. Својата историја ја следи до основањето на Педагошкиот институт во 1957 година со залиха од околу 1000 книги, главно на албански јазик. Денес, оваа библиотека има околу 150.000 книги. Вклучува збирка од триесет и два ретки тома од почетокот на шеснаесеттиот век. Постарите залихи се во процес на дигитализација за да се обезбеди долговечност на предметите и да се подобри препорачливоста. Библиотеката има размена со албански и странски библиотеки.
Библиографија
уреди- World Guide to Libraries, Томсон Гејл, К. Г. Саур.