Умирачката и смртта на Кинкас Рикачот за вода
Умирачката и смртта на Кинкас Рикачот за вода - (португалски: A Morte e a Morte de Quincas Berro D'água) - новела на бразилскиот писател Жорже Амадо од 1959 година.
Содржина
уредиЕден ден, Жоаким Соарес да Куња, службеник во Даночната управа, неочекувано одлучил да го напушти семејството и да живее како просјак по улиците на Баија, а неговото семејство, засрамено од неговата постапка, го прогласило за мртов. Сепак, еден ден, до семејството допира веста дека тој навистина умрел во својата соба, во сиромашниот дел на градот. Неговата ќерка, Ванда ги презема сите чекори за да му приреди достоен погреб. Сепак, таа не сака неговиот труп да се донесе во семејната куќа, туку оди да го посети во собата каде што умрел. Кога останува сама со него, нејзе ѝ се причинува дека татко ѝ прозборува. Истовремено, веста за неговата смрт се проширува низ сиромашните предградија на Баија и сите го оплакуваат. Неговите најблиски пријатели доаѓаат да бдеат над мртвото тело, но се опијануваат и го земаат со себе Кинкас по улиците на Баија, цело време мислејќи дека е пијан. Потоа, групата скитници, заедно со Кинкас, се качуваат на еден едреник, но поради немирното море, тој паѓа во водата.[1]
Наводи
уреди- ↑ Жорже Амадо, „Умирачката и смртта на Кинкас Рикачот за вода“, во: Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 13-70.