Уметничка галерија Леди Левер

Уметничката галерија „Леди Левер“ (англ. Lady Lever Art Gallery) е галерија основана во 1922 од страна на индустрискиот магнат, виконтот Вилијам Левер, сопственик на фабриката за сапуни „Санлајт“ (Sunlight Soap), и е посветена во чест на неговата почината жена.[1]

Уметничката галерија „Леди Левер“
Жртвениот јарец“ од Вилијам Холман Хант

Галеријата е сместена во привлечното село Порт Санлајт во Мерсисајд, Англија, кое го изградил самиот лордот Левер. Позната е по тоа што содржи многубројни претставителни дела од британското сликарство од XVIII и XIX век, збирка од мебел од XVIII век, како и извонредна збирка порцелани од прочуениот изработувач „Веџвуд“.[2]

Галеријата е прогласена за национална знаменитост од II класа, и претставува дел од здружената установа Национални музеи Ливерпул.[3]

Збирка

уреди

Ликовната збирка на галеријата ги содржи, меѓу другото, и следниве дела:

Наводи

уреди
  1. Историја на галеријата „Леди Левер“ (англиски)
  2. Збирка на „Веџвуд“ порцелани во галеријата „Леди Левер“ (англиски)
  3. Национални музеи Ливерпул (англиски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

53°21′21″N 2°59′57″W / 53.3558° СГШ; 2.9993° ЗГД / 53.3558; -2.9993