Ударен овен
Овен најчесто се користел за пробивање на врата, а поретко за пробивање на слаби ѕидови. Многу просто е граден и најчесто се изработувал по потреба, материјали за него имало насекаде. Се состои од една греда која може да биде на тркала (а и не мора) и даски поставени одозгора, поради заштита од стрели, камења, врело масло... Потребно е повеќе силни луѓе за користење. Тие луѓе се залетувале и со греда ги развалувале вратите. Со престанување на користење на замоци овенот преоѓа во полициска употреба поради развалување на помали врати.