Убиецот од 9 февруари

Убиецот од 9 февруари (англиски: February 9 Killer) е име за сериски убиец кој убил две возрасни и едно новороденче во период помеѓу 2006 и 2008 година. Неговиот идентитет никогаш не бил откриен. Тој го добил прекарот според датумот кога ги убивал сите негови жртви - 9 февруари.[1][2]

Хуан Антонио Ареола Муриљо

Истрага

уреди

Во 2009 година се случиле нерешените убиства на Соња Меџиа во Тејлорсвил, Јута и Дамјана Кастилјо во Вест Вели Сити исто така во Јута. Овие убиства биле поврзани откако се извршила ДНК анализа.[1] Полициските власти издале опис на напаѓачот наведувајќи дека тој е Хиспанец во доцните тинејџерски години или рани 20 години.[3] До денес случајот не е решен.[1]

Жртви

уреди
  • Соња Меџиа, убиена на 9 февруари 2006 година. Во времето на нејзината смрт, таа имала 29 години. Таа била силувана и задавена.
  • Дамјана Кастилјо, била задавена во нејзиниот стан на 9 февруари 2008, имала 57 години.
  • Новородено дете, на возраст од 5 или 6 месеци, исчезнало и никогаш не е пронајдено[3][4][5].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "Police searching for Feb. 9 serial killer" Архивирано на 9 февруари 2011 г. Fox13Now, 5 February 2011
  2. "Police seek help in Feb. 9 killer". Архивирано од изворникот на 23 јули 2011. Посетено на 11 септември 2014.
  3. 3,0 3,1 Hanna, Jason (9 February 2009). „Utah cities on alert as anniversary of 2 slayings hits“. CNN Justice. Архивирано од изворникот на 2012-10-06.
  4. „UNSOLVED CASES: Who killed Sonia Mejia?“. abc4.com. 25 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 3 април 2012.
  5. „The February 9th Killer“. Архивирано од изворникот на 2014-09-11. Посетено на 2018-09-09.