Убавата Галатеја
Убавата Галатеја (герм. Die schöne Galathee) е оперета во два чина од Франц фон Зупе врз основа на либрето на германски јазик од композиторот и Поли Херион. Премиерата се одржала во Карловиот театар, Виена, 1865.
Во раните 1860-ти, фрацуските оперети од Жак Офенбах за првпат биле прикажани во Виена. Франц фон Зупе бил приморан да се натпреварува со него и да ги комбинира виенските традиции со новиот стил на Офенбах. Убавата Галатеја бил првиот критички успех на Зупе.
Дејствие
уредиВајарот Пигмалион лудо се заљубил во неговата статуа на Галатеја. Затоа тој не сакал да ја продаде статуата на патронот Мида, туку ја замолил Венера, божицата на љубовта, да ѝ вдахне живот на статуата. Венера тоа го прави и статуата оживува. Меѓутоа Галатеја е своеглава. Таа не му е верна на Пигмалион и го мами со неговиот слуга Ганимед (бидејќи тој повеќе ѝ се допаѓа), а не го одбива ни Мида, кој и нуди накит. Кога Пигмалион ја фаќа Галатеја на дело, тој ја моли Венера таа повторно да ја скамени. Накитот на Мида исто така се претвора во камен, а целата статуа Пигмалион му ја продава нему.