Турбе на кралската ќерка
Турбе на кралската ќерка или турбе „Крал К’зи“ — турбе кое според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал Стефан, Катерина Котроманиќ, која како заробеник живеела кај Гази Иса-бег, што во превод значи „гробница на кралевата ќерка". Се наоѓа на источната падина на населбата Гази Баба, во непосредна близина на природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта, коишто биле сместени на ова брдо[1]. Турбето било градено од камен и цигли. На квадратната основа биле четири столба со зашилени врвови, а покриено со купола на четири вода. Се претпоставува дека турбето било изградено кон крајот на XV или почетокот на XVI век[1]. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка.[2]
Турбето денес е целосно реконструирано во 2014 г.[3] согласно одлуката на Министерството за култура на Македонија од 2011 г.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „турбе“. АОПЗ. Посетено на 2011-04-24.[мртва врска]
- ↑ Centralen zavod za zaštita na kulturno, Istoriski spomenici na NR Makedonija (1955). Kulturno-istorisko nasledstvo vo NR Makedonija.
- ↑ „Реконструирано Турбето на крал кзи“. Нова Македонија. 27 декември 2014. Посетено на 24 јануари 2016.
- ↑ „годишна програма за остварување на националниот интерес во културата во 2011 година“ (PDF). Министерство за Култура на Македонија. Посетено на 2011-04-24.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Турбе на кралската ќерка на Ризницата ?
- Приказната за кралската ќерка — Крале Марко