Туарези

(Пренасочено од Туарег)

Туарезите (на латиница Tuareg или Twareg или Touareg; ендоним Имухаг или Кел Тамашек) се берберски народ со традиција на номадско сточарство. Тие се главните жители на внатрешноста на Сахара во Северна Африка.[1][2]

Туарег во Алжир

Туарешкиот јазик е класифициран како макројазик и се проценува дека има 5,7 милиони говорители. Околу половина од нив го говорат источниот дијалект (тамаџак, лат. Tamajaq или таваламат, лат. Tawallammat).[3]

Повеќето Туарези живеат во сахарските делови на Нигер и Мали, но како номади[4], постојано се движат преку националните граници и мали групи може да се најдат во Алжир, југозападна Либија и северна Буркина Фасо, а мала заедница има и во северна Нигерија.[5]

Имиња

уреди

Името Туарег е изведено од Тарга, берберското име за либиската провинција Фезан. Оригинално името Туарег се однесувало на жителите на Фезан и им било дадено од Берберите кои живееле поблизу до брегот на Средоземно Море, па од нив било пренесено во англискиот, францускиот и германскиот јазик во текот на колонијалниот период.

Берберската именка тарга значи "канал за наводнување" или проширена "обработлива земја, градина". Се однесувал на областа Вади ал-Хаја помеѓу Саба и Убари, која на арапски се нарекува билад ал-кајр "добра земја".

Постои и широко раширена арапска фолклорна етимологија на името, поврзана со зборот таварик (лат. tawariq) "напуштени од Бог“ (баталени од Господа), што го одразува религиозното неодобрување од страна на ортодоксните муслимани кон преостанатите анимистички обичаи меѓу Туарезите.

Туарезите себеси се нарекуваат Имухаг (лат. Imuhagh или Imazaghan или Imashaghen или Imazighan). Терминот за таурешки мажи е Амаџаг или Амашек (лат. вар. Amajagh, Amashegh, Amahagh), а за жени е Тамаџак или Тамашек (лат. вар. Tamajaq, Tamasheq, Tamahaq, Timajaghen). Различните варијанти ги одразуваат разновидните таурешки дијалекти, но сите имаат ист јазичен корен, кој се однесува на концептот на „слободни луѓе“, односно благородничката каста, наспроти катите на занаетчии и робови.

Една друга, посовремен термин за себеодредување е со лингвистичко потекло Кел Тамашек или Кел Тамаџаг (лат. Kel Tamasheq или Kel Tamajaq) односно "Говорители на јазикот тамашек".

Во етнографската литература во раниот XX век се сретнува и името Кел Тагелмуст "Народ на превезот"[6] и "Синиот Народ" (поради тоа што нивните облеки биле боени со индиго).[се бара извор]

Наводи

уреди
  • Ghoubeid Alojaly, Karl Prasse, Ghabdouane Mohamed, Dictionnaire touareg-français, Copenhague, Museum Tusculanum, 2003 (2 vols., 1031 p.) - ISBN 87-7289-844-5
  • Francis James Rennell Rodd, People of the veil. Being an account of the habits, organisation and history of the wandering Tuareg tribes which inhabit the mountains of Air or Asben in the Central Sahara, London, MacMillan & Co., 1926 (repr. Oosterhout, N.B., Anthropological Publications, 1966)
  • Heath Jeffrey 2005: A Grammar of Tamashek (Tuareg of Mali). New York: Mouton de Gruyer. Mouton Grammar Library, 35. ISBN 3-11-018484-2
  • Rando et al. (1998) "Mitochondrial DNA analysis of northwest African populations reveals genetic exchanges with European, near-eastern, and sub-Saharan populations". Annals of Human Genetics 62(6): 531-50; Watson et al. (1996) mtDNA sequence diversity in Africa. American Journal of Human Genetics 59(2): 437–44; Salas et al. (2002) "The Making of the African mtDNA Landscape". American Journal of Human Genetics 71: 1082–1111. These are good sources for information on the genetic heritage of the Tuareg and their relatedness to other populations.

Дополнителна литература

уреди
  • Edmond Bernus, "Les Touareg", pp. 162–171 in Vallées du Niger, Paris: Éditions de la Réunion des Musées Nationaux, 1993.
  • Andre Bourgeot, Les Sociétés Touarègues, Nomadisme, Identité, Résistances, Paris: Karthala, 1995.
  • Hélène Claudot-Hawad, ed., "Touaregs, exil et résistance". Revue du monde musulman et de la Méditerranée, No. 57, Aix-en-Provence: Edisud, 1990.
  • Claudot-Hawad, Touaregs, Portrait en Fragments, Aix-en-Provence: Edisud, 1993.
  • Hélène and Hawad Claudot-Hawad, "Touaregs: Voix Solitaires sous l'Horizon Confisque", Ethnies-Documents No. 20-21, Hiver, 1996.
  • Mano Dayak, Touareg: La Tragedie, Paris: Éditions Lattes, 1992.
  • Sylvie Ramir, Les Pistes de l'Oubli: Touaregs au Niger, Paris: éditions du Felin, 1991.

Наводи

уреди
  1. „Q&A: Tuareg unrest“. BBC. 7 September 2007. Посетено на 4 January 2008.
  2. „Who are the Tuareg?“. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2007-11-03.
  3. Lewis, M. Paul (ed.), 2009. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Online version: http://www.ethnologue.com/.
  4. „Мали: Претставување на туарешкото население“. Global Voices на македонски. Посетено на 2012-04-06.
  5. "The total Tuareg population is well above one million individuals." Keith Brown, Sarah Ogilvie, Concise encyclopedia of languages of the world, Elsevier, 2008, ISBN 9780080877747, p. 152.
  6. See Rodd 1926.

Надворешни врски

уреди