Туака
Туака — италијански бренди ликер со природен вкус. Туака е слатка златно-кафеава мешавина од бренди, есенции од цитрус, ванила и други тајни зачини. Се флашира со 35% ABV (70 степени алкохол).
Туаката има благ и сладок вкус, се сервира топло и ладно, а исто така има овошна основа за низа коктели.[1][2]
Историја
уредиСе тврди дека рецептот датирал од периодот на ренесансата, што е тешко докажливо тврдење. Легендата што ја промовира вели дека било создадена во 15 век за Лоренцо Величествениот и повторно откриена од браќата Гаетано Туони и Џорџо Канепа во 1938 година.[3] Алкохолот првпат бил создаден како бренди со млеко, произведен со млеко, бренди и ванила.[4] Подоцна, млекото било исфрлено од рецептот и името било сменето во Туока.
Во 1960-тите, Марио ди Грација, Италијанец и сопственик на синџир продавници за алкохол во Сан Франциско, почнал да го продава ликерот во САД. За да се олесни изговорот на англиски, името повторно е сменето во Туака.[5][6] Популарен е во ноќниот живот во Брајтон и Хов, Велика Британија и други места.[7][8]
Браун-Форман од Луисвил, Кентаки го купиле брендот Туака во 2002 година за 40 милиони долари, a на 31 март 2010 го означиле затворањето на историската фабрика на Туака во Ливорно. Мешавината сега се произведувала и флаширала во Луисвил, Кентаки.[3][9] Во 2016 година Браун-Форман го продал Туака (заедно со Southern Comfort) на компанијата Сазерак за 540 милиони во 2016 година. Производството на Сазерак продолжило во Кентаки.[10][11]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ [1] Mexican Iced Coffee, LA Times
- ↑ Tuaca official site
- ↑ 3,0 3,1 The Story of TUACA - tuaca.com (archived)
- ↑ From the newspaper Il Tirreno Архивирано на 28 септември 2013 г., July 14, 2011
- ↑ Il Tirreno, October 7, 2012
- ↑ „The Webtender“. The Webstender. Посетено на 2017-01-20.
- ↑ Tuaca Liqueur - diffordsguide.com
- ↑ Tuaca, Brighton’s Flagship Drink - timeout.com
- ↑ Tuoni & Canepa Srl. - diffordsguide.com
- ↑ „Sazerac snaps up Southern Comfort and Tuaca brands“. The Telegraph. January 14, 2016. Архивирано од изворникот August 7, 2022. Посетено на December 24, 2016.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеhist02
.