„Трчаше цел пат“ (англиски: He Ran All the Way) – филм на режисерот Џон Бери (John Berry) од 1951 година. Филмот е снимен според романот на Сем Рос, а автори на сценариото се Далтон Трамбо (Dalton Trumbo) и Хуго Батлер (Hugo Butler). Главните улоги ги играат: Џон Гарфилд (John Garfield), Шели Винтерс (Shelley Winters) и Волас Форд (Wallace Ford).[1]

Синопсис

уреди

Ник и неговиот соработник Ал се обидуваат да ограбат еден камион кој ги превезува платите на работниците, но акцијата завршува неуспешно. Притоа, Ал е тешко ранет, а Ник убива еден полицаец. Бегајќи, Ник оди на градскиот базен, каде ја запознава девојката Пег Нобс. Тие одат во нејзиниот стан, а Ник го присилува семејството на Пег да го крие од полицијата.

Наводи

уреди
  1. Trčao je cijelim putem, američki film (пристапено на 4.6.2022)