Трут
Трутови[1][2] — најголемите пчели во пчелните колонии. Единствената цел на трутовите во животот е да се парат со матицата и за нив нема друга корисна улога во колонијата. Повеќето трутови умираат пред парење, или затоа што се стари или затоа што работничките ги истуркуваат од гнездото. Неколкуте трутови кои успеваат во парењето со матицата можат да го направат тоа само еднаш бидејќи умираат по парењето. По успешното парење им се откинува половиот орган и трутот паѓа мртов на земја.[3] Трутовите можат да се парат по 16-тиот ден од животот. Кога трутот ќе достигне полова зрелост, ги започнува своите ориентациони кругови во близина на својата кошница. Полово зрелите трутови имаат тенденција да се собираат попладне во рој кој често се нарекува комета заради својот изглед. Таквите роеви можат да содржат од неколку стотици до неколку илјади дронови. Во текот на неговиот живот, трутот оди на 25 такви летови, кои траат приближно 30 минути. Кога почнува постуденото време, на крајот на есента и почетокот на зимата, количината на храна во кошницата станува пооскудна, па работничките ги исфрлаат трутовите и ги оставаат да гладуваат.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „трут“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „трут“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Winston, Mark L. (1991). The Biology of the Honey Bee. Harvard University Press. стр. 41. ISBN 0-674-07409-2.
Надворешни врски
уреди- Трут на семрежното место на „Пчела“
- Снимка од трут одблиску
- Видео со исфрлање трут од кошницата
- Трут