Тромбоцитен фактор 4

Тромбоцитниот фактор 4 (англиски: platelet factor 4, скратено PF4) е мала белковина која припаѓа на семејството на хемокини. Овие хемокини имаат C-X-C струкурен мотив па затоа е познат и како хемокин (мотив CXC) лиганд 4 (CXCL4). Овој хемокин се ослободува од алфа-гранулите на активираните тромбоцити за време на тромбоцитната агрегација и ја промовира коагулацијата на крвта со ублажување на ефектите на молекулите слични на хепарин. Поради оваа улога, се претпоставува дека има улога во поправка на раните како и во воспаление.[1] Обично се наоѓа во комплекс со протеогликан.

Геномика

уреди

Генот за човечки PF4 се наоѓа на човечкиот хромозом 4 .[2]

Функција

уреди

Тромбоцитниот фактор-4 е белковина од 70 аминокиселини кој се ослободува од алфа-гранулите на активираните тромбоцити и се врзува со висок афинитет за хепарин. Неговата главна физиолошка улога се чини дека е неутрализација на молекулите слични на хепарин на ендотелната површина на крвните садови, со што ја спречува (инхибира) локалната антитромбинска активност и поттикнува коагулација. Како силен хемоатрактант за неутрофилите и фибробластите, PF4 веројатно има улога во воспалението и поправката на раните.[1][3]

PF4 е хемотактичка (привлекува движење на клетките кон супсанцата) за неутрофили, фибробласти и моноцити и стапува во интеракција со варијанта на рецепторот за хемокин CXCR3, познат како CXCR3-B.[4]

Клиничко значење

уреди

Комплексот од хепарин-тромбоцитен фактор-4 претставува антиген во аутоимуната реакција наречена хепарин индуцирана тромбоцитопенија (ХИТ), која се јавува по администрацијата на антикоагулантниот хепарин.[5] Автоантитела против PF4 исто така се пронајдени кај пациенти со тромбоза и одлики налик на HIT, но без претходна администрација на хепарин.[6]

Антителата против PF4 се имплицирани во случаи на тромбоза и тромбоцитопенија после вакцинација со вакцината Oxford–AstraZeneca или Janssen COVID-19 вакцината.[7][8] Овој феномен е наречен имунолошка тромботична тромбоцитопенија (VITT) индуцирана од вакцина.[9] Промените во изразувањето (експресијата) на PF4 се исто така поврзани со симптоми на долг КОВИД (англиски: long COVID).[10]

PF4 е зголемен кај пациенти со системска склероза кои истовремено имаат и интерстицијална белодробна болест.[11]

Човечкиот тромбоцитен фактор 4 ги убива паразитите од маларија во еритроцитите со селективно лизирање на дигестивната вакуола на паразитот.[12]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Structural and functional comparison of the genes for human platelet factor 4 and PF4alt“. Blood. 76 (2): 336–44. July 1990. doi:10.1182/blood.V76.2.336.336. PMID 1695112. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Eisman_1990“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. „Physical mapping of the CXC chemokine locus on human chromosome 4“. Cytogenetics and Cell Genetics. 84 (1–2): 39–42. 1999. doi:10.1159/000015209. PMID 10343098.
  3. „Entrez Gene: PF4 platelet factor 4 (chemokine (C-X-C motif) ligand 4)“.
  4. „An alternatively spliced variant of CXCR3 mediates the inhibition of endothelial cell growth induced by IP-10, Mig, and I-TAC, and acts as functional receptor for platelet factor 4“. The Journal of Experimental Medicine. 197 (11): 1537–49. June 2003. doi:10.1084/jem.20021897. PMC 2193908. PMID 12782716.CS1-одржување: display-автори (link)
  5. „Drug-induced immune-mediated thrombocytopenia--from purpura to thrombosis“. The New England Journal of Medicine. 356 (9): 891–3. March 2007. doi:10.1056/NEJMp068309. PMID 17329695.
  6. „A spontaneous prothrombotic disorder resembling heparin-induced thrombocytopenia“. The American Journal of Medicine. 121 (7): 632–6. July 2008. doi:10.1016/j.amjmed.2008.03.012. PMID 18589060.
  7. „Thrombosis and Thrombocytopenia after ChAdOx1 nCoV-19 Vaccination“. The New England Journal of Medicine. 384 (22): 2124–2130. April 2021. doi:10.1056/NEJMoa2104882. ISSN 0028-4793. PMC 8112568 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 33835768 Проверете ја вредноста |pmid= (help).CS1-одржување: display-автори (link)
  8. „Thrombotic Thrombocytopenia after ChAdOx1 nCov-19 Vaccination“. The New England Journal of Medicine. 384 (22): 2092–2101. April 2021. doi:10.1056/NEJMoa2104840. PMC 8095372 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 33835769 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  9. „Vaccine-Induced Immune Thrombotic Thrombocytopenia (VITT): What We Know and Don't Know“. Blood. June 2021. doi:10.1182/blood.2021012152. PMC 8172307 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 34061166 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  10. „Long-term perturbation of the peripheral immune system months after SARS-CoV-2 infection“. BMC Medicine. 20 (1): 26. January 2022. doi:10.1186/s12916-021-02228-6. PMC 8758383 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 35027067 Проверете ја вредноста |pmid= (help).CS1-одржување: display-автори (link)
  11. „Changes in plasma CXCL4 levels are associated with improvements in lung function in patients receiving immunosuppressive therapy for systemic sclerosis-related interstitial lung disease“. Arthritis Research & Therapy. 18 (1): 305. December 2016. doi:10.1186/s13075-016-1203-y. PMC 5203703. PMID 28038680.CS1-одржување: display-автори (link)
  12. „Platelet factor 4 activity against P. falciparum and its translation to nonpeptidic mimics as antimalarials“. Cell Host & Microbe. 12 (6): 815–23. December 2012. doi:10.1016/j.chom.2012.10.017. PMC 3638032. PMID 23245326.CS1-одржување: display-автори (link)