Тркало на среќата (кована пара)
Тркало на среќата — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија чија номинална вредност е 10 денари.[1][2]
Тркало на среќата | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Номин. вредност | 10 денари |
Метал | сребро (Ag) 999,9 |
Тежина | 11,80 гр |
Димензии | 35,00 мм |
Облик | кружен |
Раб | мазен |
Издадена | 2018 |
Цена | 2.400 денари |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во средината на монетата е претставен Грбот на Република Македонија. Околу монетата се претставени натписите: „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ и „10 ДЕНАРИ“ на македонски јазик. Исто така, претставенa е масата на монетата „11,80g“, годината на издавање „2018“ и ознаката „Ag999,9“.[3]
Опачина
уредиОпачината на монетата има облик на старо колско тркало. Во средината е претставена копија од опачината на златната римска монета ауреус со божицата Фортуна Августа со натписите: „ФОРТУНА“ и „АВГУСТА“. Околу монетата е претставен натписот: „ТРКАЛО НА СРЕЌАТА“ (на англиски и на руски јазик).[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Соопштение на НБРМ“. 27 март 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
- ↑ „НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели“. 1 август 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Тркало на среќата"“. Посетено на 8 јануари 2018.