Три јаблани
„Три јаблани“ (српскохрватски: Tri Jablana) — југословенски тв-филм од 1976 година, во режија на Јоаким Марушиќ, кој ја направил ТВ-адаптацијата, заедно со Зора Дирнбах. Филмот е снимен според расказите на Марино Зурл, водителот на хуманата акција на списанието Арена, кој од 1963 до 1971 година ги барал најблиските роднини на децата кои за време на Втората светска војна биле одделени од родителите и одведени во логори и во прифатилишта. Директор на фотографијата е Илија Вукас. Улогите ги играат: : Мустафа Надаревиќ, Бисерка Ипша, Божидар Орешковиќ, Нева Рошиќ, Власта Кнезовиќ, Игљеша Којадиновиќ и Бранка Цвитковиќ.[1]
Синопсис
уредиТројцата главни ликови во филмот се Ана (ја игра Ипша), Ненад (го игра Нафаревиќ) и Тома (го игра Орешковиќ), кои за време на Втората светска војна биле одделени од родителите и одраснале по домови или во семејства. Секој од нив се однесува на поинаков начин кон минатото и кон можноста да ја откријат тајната на своето семејно потекло и да сретнат некого до своето семејство...