Три дена на кондорот

„Три дена на кондорот“ (англиски: Three days of the Condor) — филм на режисерот Сидни Полак (Sydney Pollack) од 1975 година, според сценариото на Лорензо Семпл (Lorenzo Semple Jr.) и Дејвид Рејфил (David Rayfiel), засновано врз романот „Шест дена на кондорот“ на Џејмс Греди (James Grady). Главните улоги ги играат: Роберт Редфорд (Robert Redford), Феј Данавеј (Faye Dunaway), Клиф Робертсон (Cliff Robertson) и Макс фон Сидов (Max von Sydow). Филмот претставува еден од најрепрезентативните претставници на филмовите на заверата.[1]

Синопсис

уреди

Џо Тарнер (го игра Редфорд) работи во една фирма во Њујорк, а неговата задача се состои во читање на разни книги и списанија во потрага по скриени информации и нови идеи. Всушност, неговата фирма е само параван зад кој се крие ЦИА. Еден обичен работен ден, додека оди да купи ручек за колегите, во канцеларијата влегуваат непознати луѓе кои ги убиваат сите присутни. Исплашен, Тарнер се сомнева во сите и не е сигурен дали го ловат платени убијци или, пак, ЦИА. Затоа, тој бега и се крие кај една жена (ја игра Данавеј) коај случајно ја среќава. Сепак, платениот убиец (го игра фон Сидов) му влегува во трагата...

Наводи

уреди