Трибор
Трибор — планински превој во јужниот дел на Македонија, кој се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Козјак која има меридијански правец на протегање север-југ, а ги раздвојува прилепскиот и тиквешкиот предел на областа Мариово на запад и исток.[1] Тој е еден од највисоките планински превои според својата надморска височина и на него постои стара калдрмисана подлога од редени камења и макадам, поради што е пристапен само за теренски возила и камиони за сеча на дрва, а исто така е посетуван и од велосипедисти бидејќи тој претставува највисока точка на патеката која се вози на настанот „Алшар - допри го сонцето“.
Трибор | |
---|---|
Надм. вис. | 1442 м |
Пат | R1107 |
Место | помеѓу Прилепско и Тиквешко Мариово |
Венец | на планината Козјак |
Координати | 41°09′N 21°52′E / 41.150° СГШ; 21.867° ИГД |
Наводи
уреди- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. Посетено на 11 октомври 2018.