Трета книга Макавејска

„Трета книга Макавејска“ — книга од Стариот завет.

Содржина

уреди

Откако ја победува војската на царот Антиох, египетскиот цар Птоломеј Филопатор го посетува храмот во Ерусалим за да остави подароци. Тогаш, тој посакува да влезе во најсветото место во храмот, но господ го спречува. Посрамен, царот се враќа во Египет и наредува да бидат собрани сите Јудејци со цел да бидат преброени и убиени. Соочени со смртта, Јудејците се молат и Господ му испраќа сон на царот Птоломеј, кој три дена последователно заборава на издадените наредби. Најпосле, на денот кога треба да бидат погубени Јудејците, Господ испраќа два ангела, кои ја истребуваат царската војска. Тогаш, царот наредува Јудејците да бидат ослободени, да им се врати одземениот имот и им дава дозвола да ги убијат оние Јудејци кои се откажале од својата вера.[1]

Наводи

уреди
  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 679-689.