Тран Хунг Дао (1228–1300; виетнамски: Trần Hưng Đạo) бил виетнамски воен Голем Генерал на Танг Лонг за време на династијата Тран. Тој е роден како Тран Куок Туан (Trần Quốc Tuấn) и командувал со виетнамската војска кои спречиле две големи монголски инвазии во 13 век[1]. Неговите неколку победи над монголската орда и династијата Јуан под водство на Кублај Кан се сметаат за најголемите светски тешки победи.

Статуа на Тран Хунг Дао во Нам Динх, Виетнам

Потекло

уреди

Тран Куок Туан се родил кога династијата Тран ја заменила династијата Ли во 1225 година, кога последниот монарх од династијата Ли, Ли Чиеу Хоанг, го предала престолот на нејзиниот сопруг Тран Таи Тонг. Голем број од фамилијата на Ли ја обвиниле за тој чин. Тран Куок Туан бил син на големиот војвода Тран Лиеу, постар брат на новиот император. Истата година, Тран Лиеу бил принуден да ја предаде својата жена на неговиот помлад брат за да ја зацврстат улогата на семејството Тран во владеењето на државата. Тран Куок Туан, неговиот татко и императорот Тран Таи Тонг имале близок однос, и Лиеу нашол познати виетнамски учители да го учат Тран Хунг Дао за да еден ден стане голем водач на Даи Виет и да ја зачува гордоста на семејството. Пред смртта, татко му му раскажал за дрматичните промени во императорското семејство.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди