ТрансНамиб (англиски: TransNamib) државна железничка компанија на Намибија. Ова претпријатие врши железнички сообраќај во државата, но и нивно одржување. Седиштето на претпријатието е во Виндхук.

Локомитива на ТрансНамиб во Кетмансхоп.

Историја

уреди

Првата локална железничка била создадена во 1895 година за трговски потреби на претпријатието Дамараланд Гуано. Првата јавна железничка линија, и срцевината на денешната железничка мрежа, б била изградена од германска Југозападна Африка (тогашното колонијално име). Врската од Свакопмунд и Виндхук со вкупно 383 км била пуштена во употреба на 19 јуни 1902 година. Оваа железничка инфраструктура подоцна била преземена од Железниците на Јужна Африка по Првата светска војна и ја поврзале намибиската мрежа со јужноафриканската. Со независноста на Намибија се основала ТрансНамиб и денес е во намибиска државна сопственост.

Делување

уреди

ТрансНамиб одржувала и оперирала со 2883 километри железничка линија. Оттогаш, дополнителни линии биле изградени во северниот дел на државата. Првичната посветеност била на комерцијалниот транспортен сообраќај, но денес и патничкиот е во фокусот на компанијата.

Главни линии и станици

уреди
 
Карта на железничката мрежа на Намибија.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди