Тотју Младенов
Тотју Младенов (роден на 19 јуни 1964 во Враца) е политичар и министер за труд и социјална политика на Бугарија во периодот од 2009 до 2013 година.
Тотју Младенов | |
---|---|
Министер за труд и социјална политика | |
На должноста 27 јули 2009 – 13 март 2013 | |
Претходник | Емилија Масларова |
Наследник | Деjaна Костадинова |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 јуни 1964 Враца, Бугарија |
Партија | ГЕРБ |
Младенов своето основно образование го завршил во родниот град како градежен техничар. Во Софија завршил на Вишиот институт по архитектура и градежништво. Во 1990 година дипломирал како градежен инженер. Во 1997 година станал секретар по социјална политика во КТ Поткрепа, а во 2007 градоначалник на Враца. Во 2009 станал министер за труд и социјална политика на Бугарија.