Торе Бранка (Кулата Бранка) е железна панорамска кула сместена во Парко Семпионе, главниот градски парк на Милано, Италија. Висока е 108,6 метри што ја прави шестата највисока градба во Милано по кулата Уникредит (231 м), кулата Алијанц (209 м), Палацо Ломбардија (161 m), Пирелоне or кулата Пирели (127 м) и кулата Бреда (116 м). Врвот на кулата е панорамска точка чиј поглед на јасен ден може да ја опфати градската линија на Милано, како и Алпите, Апенините и дел од долината По.

Торе Бранка

Историја

уреди

Кулата е дизајнирана од архитектот Џио Понти и инаугурирана во 1933 година, во фашистичката ера за време на 5-тото издание на триеналето во Милано.[1][2] Првично била наречена „Торе Литорија“ по фасцио литорио, т.е. фасци. По Втората светска војна била преименувана во „Торе дел Парко“ (Парковска кула). Во 1972 година, пристапот до врвот на кулата бил затворен бидејќи структурата требала да се обнови. Била реструктуирана во 2002 година од страна на компанијата за алкохол Бранка, и затоа била преименувана во Торе Бранка. Од 2002 година повторно е отворна за јавноста.

Наводи

уреди
  1. „Littoria Tower in Parco Sempione - Giò Ponti“. Посетено на 23 October 2015.
  2. „La Triennale di Milano - Palazzo dell'arte“. Архивирано од изворникот на 2018-03-02. Посетено на 22 October 2015.