Тополничка Река

река во Долното Поречие, западна Македонија

Тополничка Река (или Тополнечка Река, позната и како Браќамчица) — река во Долното Поречие, западна Македонија, лева притока на реката Треска.

Тополничка Река
Тополнечка Река, Браќамчица
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоЧелоица, над с. Тополница, Долно Порече
 • координати41°49′30″N 21°13′25″E / 41.82500° СГШ; 21.22361° ИГД / 41.82500; 21.22361
 • надм. вис.1.670 км
Устие 
 • место
Треска, с. Долни Манастирец, Долно Порече
 • координати
41°35′48″N 21°06′34″E / 41.59667° СГШ; 21.10944° ИГД / 41.59667; 21.10944
 • надм. вис.
510 м
Должина12,2 км
Големина на сливот32,3 км2
Особености на сливот

Опис

уреди

Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 12,2 км, a коефициентот на развиеност е 1,27. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.160 м, а просечниот изнесува 95,1.[1]

Течение

уреди

Извира во месноста Браќамски Буки на источните падини на планината Челоица, на надморска височина од 1.670 м. Тука е позната како Браќамчица и тече во североисточен правец, па врти на исток кај ридот Голо Брдце и од десно го прима Табански Поток. Во понатамошниот дел се спушта на рамен терен и се спојува со Томина Река и продолжува по долината низ с. Тополница, по кое е наречена.

Во следните неколку километри минува под ридот на Горни Манастирец, и доаѓа до проширен дел каде од лево ѝ се придружува потокот Суви Дол. Во ист правец го одминува ридот Мало Брдо од десно и навлегува во ширината на Долни Манастирец (Ново Село), каде по половина километар се влева во Треска на висина од 510 м, под ридот Подиште сместен од десно.

Вкупната должина на водоразделната линија на Тополничка Река изнесува 28,0 км а сливот и зафаќа 32,30 км2 или 1,6% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]

Долина

уреди

Долината се протега во начелен правец исток-запад и е нормална на долината на Треска, која ја прима спротиводно на 67,3 км од својот влив во Вардар.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.

41°36′49″N 21°13′09″E / 41.61361° СГШ; 21.21917° ИГД / 41.61361; 21.21917