Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Тони Ердман е германскo-австриска комедија-драма во режија, напишана и копродуцирана од Марен Аде. Главните улоги ги играат Петар Симонишек и Сандра Хилер.

Филмот, кој премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал,[1][2] бил прогласен за најдобар филм од 2016 година од страна на Sight & Sound и други реномирани кино-списанија [3][4][5]

Филмот освоил пет награди на 29-тиот европски филмски фестивал : најдобар филм (прва награда за филм во режија на жена), најдобар режисер, најдобар сценарист, најдобар глумец и најдобра глумица.[6] Исто така ја освоил наградата ЛУКС на Европскиот парламент.[7] Бил номиниран за најдобар филм на странски јазик на 89-то издание на Оскар, но изгубил од иранскиот филм Продавач.[8][9]

Создавање

уреди

Ликот на Винфрид бил делумно заснован на сопствениот татко на Аде, кој носел неколку лажни заби што му ги дале како подарок со кои тој често се шегувал.[10] Таа исто така била под влијание на комичарот Енди Кауфман и Тони Клифтон.[11]

Филмот бил снимен во Букурешт поради тоа што многу германски компании почнале да работат таму на крајот на комунистичката ера, при што многу странски консултанти биле испратени за „промена на системот" и им помогнале на стопанствениците да стекнат профит.[12]

Наводи

уреди
  1. „2016 Cannes Film Festival Announces Lineup“. IndieWire. Посетено на 14 April 2016.
  2. „Cannes 2016: Film Festival Unveils Official Selection Lineup“. Variety. Посетено на 14 April 2016.
  3. „The Best Films of 2016“. Sight & Sound. 20 January 2017. Посетено на 5 February 2017.
  4. „Cahiers Du Cinema's Top 10 Films Of 2016“. 29 November 2016. Посетено на 13 January 2017.
  5. „Best Films of 2016 - Film Comment“. 13 December 2016. Посетено на 13 January 2017.
  6. Brown, Mark (11 December 2016). „Toni Erdmann sweeps the board at European film awards 2016“. Посетено на 13 January 2017.
  7. Roxborough, Scott (24 November 2016). 'Toni Erdmann' Wins European Parliament's Lux Film Prize“. The Hollywood Reporter. Посетено на 5 February 2017.
  8. Samuelson, Kate (24 January 2017). „Here Are the 2017 Oscar Nominations“. Time. Посетено на 24 January 2017.
  9. Shoard, Catherine (February 26, 2017). „The Salesman wins best foreign language Oscar“. The Guardian. Посетено на February 26, 2017.
  10. Roxborough, Scott. „Cannes: 'Toni Erdmann' Director Maren Ade Wants a Subsidy Quota for Women Filmmakers (Q&A)“. The Hollywood Reporter. Посетено на 18 May 2016.
  11. Mottram, James (2017-01-31). „Toni Erdmann's Maren Ade interview: Tarantino makes long films too“. The Independent (англиски). Посетено на 2017-08-07.
  12. Formo, Brian (2016-12-26). 'Toni Erdmann': Maren Ade Talks Andy Kaufman and 'My Father the Hero' Parallels“. Collider (англиски). Посетено на 2017-08-07.