Тонгатапу (тонгански: Tongatapu) — главен остров во Кралството Тонга, на кој се наоѓа и главниот град на државата, Нукуалофа. Островот е дел од јужните тонгански острови, и е најнаселен остров во државата со околу 71.260 жители (2006) или 70,5% од вкупното население на државата. Тонгатапу е дом на владата на државата и седиште на монархијата. Бидејќи островот и главниот град се економски и транспортни центри во државата, тие забележуваат забрзан раст и со тоа се привклекуваат поголем број внатрешни доселеници.

Тонгатапу
Карта на Тонгатапу.
Географија
МестоТихи Океан
Координати21°12′41″S 175°09′11″W / 21.21139° ЈГШ; 175.15306° ЗГД / -21.21139; -175.15306
АрхипелагТонга
Површина260,48 км2
Држава
Најголема населбаНукуалофа (pop. 22,400)
Демографија
Население75,416 (2011)
Густина273,57 /km2 (70.854 /sq mi)
Етнички групиТонганци (мнозинство), Европејци, Кинези.
Кралската палата во Тонга

Географија

уреди

Островот има вкупна површина од 257,03 км2, или 260.48 км2 заедно со околните помали островчиња. Островот е рамен бидејќи е создаден од корален варовник. Островот е покриен со дебела плодна почва, која е богата со вулкански пепели од соседните вулкани. На брдовитиот јужен брег, висината достигнува до 35 метри и постепено се спушта кон север. Највисока точка на островот е кај селата Фуамоту и Наколо со надморска висина од 65 метри.

 
Островот Атата, околу 30 минути со брод од Тонгатапу.

Северно од островот има повеќе мали изолирани островчиња и корални гребени кои достигнуваат и до 7 км од брегот на Тонгатапу. Скоро затвроените лагуни Фангаута и Фангакакау се важни места за мрестење на птиците и рибите. Тие се прогласени за природни резервати во 1974 година од страна на владата. Островот има само неколку песочни плажи.

Островот има посвежа клима за разлика од останатите острови во Тонга. Поради ова, производството на овошје е послабо на Тонгатапу за разлика од северните острови.

Позначајни места

уреди
 
Трилит во Тонгатапу.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

21°12′41″S 175°09′11″W / 21.21139° ЈГШ; 175.15306° ЗГД / -21.21139; -175.15306