„Томи“ (англиски: Tommy) е музички филм од 1975 година, изработен според албумот „Томи“ на групата „The Who“ од 1969 година. Режиран од Кен Расел (Ken Russell), во филмот играат многу музички ѕвезди, вклучувајќи ги и членовите на „Ху“. Ен-Маргрет добила „Златен глобус“ за нејзината глума, а била и номинирана за „Оскар“. Пит Таунсенд, исто така, бил номиниран за адаптација на музиката за филм. Филмот е првиот и единствен филм снимен со квинтафонична звучна лента.

Синопсис

уреди

Таткото на Томи, капетан Вокер од кралските воздухопловни сили, се бори со германците во Втората светска војна. Неговиот авион е срушен уште пред да Томи да се роди. Нора Вокер, неговата мајка, ги дознава вестите додека работи во фабрика за муниција полнејќи бомби со лагери. Г-ѓа Вокер се онесвестува притоа истурајќи кутија со лагери. Таа тогаш го раѓа Томи. Нора Вокер верува дека нејзиниот сопруг е мртов. Шест години по раѓањето на Томи, г-ѓа Вокер го запознава Френк Хобс во одморалиште и започнува врска со него.