Тихоокеанско боиште
Тихоокеанско боиште — боиште на операциите на американските сили за време на Втората светска војна во Тихиот Океан во периодот од 1941 до 1945 година. Од средината на 1942 година до крајот на војната во 1945 година, постоеле две американски оперативни команди во Тихиот Океан. Областите биле поделени на Централен Тихи Океан, Севеен Тихи Океан и Јужен Тихи Океан, под команда на адмиралот Честер Нимиц. Југозападниот дел на Тихоокеанскиот регион бил командуван од генералот Даглас Макартур[1].
Поради комплексните улоги на Армијата на САД и на морнарицата на САД во водењето на војна во Тихоокеанскиот театар, немало ниту еден командант на сојузничките сили, споредено со генералот Двајт Д. Ајзенхауер во Европскиот Театар.