Тивко место
„Тивко место“ (англиски: A quite Place) – филм на режисерот Џон Красински (John Krasinski) од 2018 година, снимен по сценариото на Брајан Вудс (Bryan Woods) и Скот Бек (Scott Beck). Главните улоги ги играат: Емили Блант (Emily Blunt), Џон Красински (John Krasinski), Милисент Симондс (Millicent Simmonds) и Ноа Џуп (Noah Jupe). Филмот бил номиниран за неколку награди, како: „Оскар“ за најдобра монтажа на звукот, „Златен глобус“ за најдобра оригинална музика итн.[1]
Синопсис
уредиТатко (го игра Красински) и мајка (ја игра Блант) се обидуваат да преживеат и да ги одгледаат децата (ги играат Симондс и Џуп) во еден апокалиптичен свет населен со слепи чудовишта кои имаат извонредно добар слух со чија помош ги ловат луѓето...