Тешка научна фантастика

Тешка научна фантастика (hard science fiction) е поджанр на научната фантастика (НФ) во кој авторот строго се држи до познатите научни сознанија, а шпекулира само за оние области за кои нема утврдени научни вистини. Во текстот доминираат теми поврзани со природните науки.

Photograph of a man sitting in a chair.
Артур Ч. Кларк, еден од најзначителните писатели на тешката научна фантастика.

Писателите на тврда научна фантастика обично се трудат нивните стории да бидат во согласност со познатата наука во времето на објавување, што исто така значи дека за подоцнежната публика нивното знаење ќе биде очевидно некомплетно. Така на пример, некои постари дела опишуваат космонаути кои по Венера шетаат во обични алишта. Дури кога дејството на дела од тврдата научна фантастика е сместено во алтернативни универзуми во кои важат други закони на физика, авторите се обидуваат да создадат множество физички закони кое ќе биде интерно доследно.

Ова е во директна спротивност на поджанрот вселенска опера, каде законите на физиката воспоставени со приказната се применуваат недоследно, а наизглед нерешливи ситуации често се решаваат со откровенија на претходно непознати особини на воспоставената технологија во стилот deus ex machina. Озлогласен пример на ваква пракса е Ѕвездени патеки. Непишано правило на тврдата НФ е дека нарушувањата на тековно познатите закони на физиката треба да се држат на минимумот неопходен за одржување на нарацијата, доколку авторот пишува доследно за нив.

Автори на тврда HФ

уреди

Најпознати автори на тврда научна фантастика се:

Поврзано

уреди