„Тетовскиот говор - Енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ ― прва сеопфатна и детална енциклопедија која го опфаќа тетовскиот говор како преодна зона помеѓу вратничкиот говор северно од него и гостиварскиот говор јужно од него. Посебен осврт се дава на градскиот тетовски говор преку најдетално негово досега претставување на граматиката и богат речник со дури 9169 одредници богато поткрепени со етнолошки прикази, историски податоци, фотографии, врамени текстови, карти и графикони.[1][2]

Тетовскиот говор
Корицата на „Тетовскиот говор“
АвторДарко Гавровски
Изворен насловТетовскиот говор - Енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти
Изработувач на
корицата
Дарко Гавровски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
СеријалТајните на Тетово
ЖанрЕнциклопедија
ИздавачДарко Гавровски
Издадена
ноември 2020
Страници648
ISBN978-608-245-615-7
ПретходнаТетовски древности 

Објавена е во 2020 година од авторот и долгогодишен истражувач на тетовското минато Дарко Гавровски.[3] Гавровски е автор и на енциклопедијата „Тетовски древности - Полог од праисторијата до 7 век н.е. со посебен осврт на тетовскиот крај“ објавена во 2009.[4]

Содржина на енциклопедијата

уреди
  • Кои се најстарите објави на народниот говор од Тетовско. Сите најстари објавени народни песни и текстови на тетовски говор.
  • Поделба на говорите во Полог, со детална мапа и анализа со споредба помеѓу 71 изоглосна црта меѓу различните типови говор
  • Детална граматика и анализа на фонетски и морфолошки одлики на тетовскиот градски говор
  • Прв речник на тетовскиот градски говор каде се покриени 9169 одредници
  • Одредниците во речникот се со етимологија на зборот, објаснување, честота на користење во последните 100 години и поврзаност со етнолошки и историски моменти кои се однесуваат на тој збор со вел да се начне во целоснатапоширока  културолошка смисла на зборот

Технички детали

уреди

Ова дело е плод на децениско истражување на авторот на скоро 650 страни богат материјал, во голем Б5 формат (16,5 х 23,5 см) поддржан со:

  • 3 карти целосно изработени од авторот и за прв пат публикувани овде, и особено за првпат објавена карта со градските топоними во Тетово
  • Над 30 врамени текстови (text box-ови) со посебен осврт за одредени одредници
  • над 350 фотографии
  • над 300 фусноти со детална анализа на севкупниот материјал, но и над 2000 белешки за извори каде се споменуваат одредници.
  • посебен индекс (тематски показател) каде голем дел на одредници се групирани по теми за истражување
  • резиме на книгата на англиски јазик.
  • за издавање на книгата користени се преку 650 наслови на книги, стручна периодика, компакт дискови, интернет страни, необјавена граѓа– сите тие детално прочешлани и буквално сè што се однесува на Тетовско - е поместено во оваа книга.
  • Книгата е во луксузно енциклопедиско издание во боја и тврд повез

Наводи

уреди
  1. Гавровски, Дарко (2020). „„Тетовскиот Говор" - ISBN 978-608-245-615-7“. gavro.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 2021-06-04.
  2. „„Тетовскиот говор" во библиотечната база на податоци на COBISS“. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 2021-06-04.
  3. „Дарко Гавровски: Локалната историја е неисцрпен извор за истражување …“. archive.is. 2021-05-06. Архивирано од изворникот на 2021-05-06. Посетено на 2021-06-04.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Гавровски, Дарко (2009). „„Тетовски древности" - ISBN 978-9989-730-27-6“. gavro.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 2021-06-04.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди