Термика или топлински столб — столб од воздух во пониските делови на Земјината атмосфера кој се искачува нагоре. Настанува со нерамномерно загревање на земјата поради сончевото зрачење и претставува пример за струење. Сонцето ја загрева земјата, која пак го загрева воздухот веднаш над неа.[1] Посилни термики настануваат над темна почва, градски подрачја и асфалтирани патишта.

Топлински столб помеѓу земјата и кумулусен облак: облакот (А) е над земјата:
Сонцето ја најачува температурата на земјата, која пак го загерва воздухот над неа (1). Меурот од топол воздух почнува да се издига (2) до дадено место. Поради пониската температура, масата се кондензира и оди надолу (3).

Потоплиот воздух близу земјата се шири и станува поредок од околната воздушна маса. Полесната воздушна маса се изкачува и така се лади поради ширењето на понискиот притисок на поголема височина. Престанува да се крева кога ќе се изедначи во температура со околниот воздух. Околу термиката има и надолен тек на воздух поради постудениот воздуг кој се истиснува во горниот дел на термиката.

Големината и силата на термиките зависат од својствата на нижата амтмосфера (тропосферата). Кога воздухот е студен, земјата го загрева воздухот над неа и се создаваат меури од топол воздух што се издигаат како балони. Во оваа состојба, воздухот е на нестабилен. Ако повисоко има слој од топол воздух, тогаш инверзијата ја спречува термиката да се искачи високо и тогаш се вели дека воздухот е стабилен.

Термиките се препознаваат по присуството на видливи кумулусни облаци врз нив. Ако има постојан (неколеблив) ветер, термиките и нивните кумулусни облаци се подредуваат во редови што се протгаат во насока на дувањето на ветерот. Едриличарите ги нарекуват „улици во облаците“. Кумулусниот облак се создава од воздухот во термиката кој се искачува и така се лади додека водена пареа во воздухот не почне да се кондензира во видливи капкички. При кондензацијата, водата испушта латентна топлинска енергија, овозможувајќи му на зобдухот да се искачи уште повисоко. Многу нестабилниот воздух може да го достигне нивото на слободно струење и така да се искачи на големи височини, кондензирајќи големи количества вода, образувајќи врнежи и грмотевици.

Ваквите воздушни столбови се еден од изворите на подемна сила за птиците, едрилиците, параглајдерите и делтапланите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bradbury, Tom (2000). Meteorology and Flight: Pilot's Guide to Weather (Flying & Gliding). A & C Black. ISBN 0-7136-4226-2.

Надворешни врски

уреди