Термера (старогрчки: Τέρμερα), познатa и како Термерум или Термерон (Τερμερον), ― поранешен поморски град на античка Карија на јужниот брег на полуостровот Халикарнас, во близина на 'ртот Термериум.[1][2][3] Стефан Византионски погрешно го ставил градот во Ликија.[4] Таа бил полис (град-држава) и член на Делискиот Сојуз.[5] За време на римското владеење, овој дорски град бил слободен град. Според делото Суда, местото го создало пословичниот израз Τερμέρια κακά (Термерија кака), кој бил користен како затвор од страна на владетелите на Карија.[6] Во грчката митологија, бил основан од Термер, по кого го добила името.

Нејзината местоположба се наоѓа во близина на Асарлик, азиска Турција.[7][8]

Наводи

уреди
  1. Херодот. Историја. 5.37.
  2. Страбон. Географија. xiv. p.657. Броеви на страници кои се однесуваат на изданието од Исак Казобон.
  3. Плиниј Постариот. Naturalis Historia. 5.29.
  4. Стефан Византионски. Етика. s.v. τὰ Τέρμερα.
  5. Mogens Herman Hansen & Thomas Heine Nielsen (2004). „Karia“. An inventory of archaic and classical poleis. New York: Oxford University Press. стр. 1134-1135. ISBN 0-19-814099-1.
  6. Suda, s.v.
  7. Ричард Талберт, уред. (2000). Барингтонски атлас на грчкиот и римскиот свет. Princeton University Press. стр. 61, и придружни белешки од директориумот.
  8. Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)

  Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Termera“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.

36°59′45″N 27°17′54″E / 36.995872° СГШ; 27.298363° ИГД / 36.995872; 27.298363