Тереза од Саксо-Хилдбургхаузен

Тереза Шарлотa Луиза од Саксонија-Хилдбургхаузен (8 јули 1792 26 октомври 1854) — кралица на Баварија како сопруга на кралот Лудвиг I. Во 1809 година, таа била на списокот на можни невести за Наполеон, но на 12 октомври 1810 година се омажила за баварскиот престолонаследникот Лудвиг. Нивната венчавка беше повод на првиот Октоберфест. Таа стана кралица во 1825 година. За време на бројните љубовни врски на нејзиниот сопруг, Тереза страдаше, но ја толерираше ситуацијата.

Тереза од Саксо-Хилдбургхаузен
Портрет од Јозеф Карл Штилер, 1826 година
Сопруга на кралот на Баварија
На позиција13 октомври 1825 - 20 март 1848
Роден(а)8 јули 1792
Штрауфхајн, Саксонија-Хилдбургхаузен
Починал(а)26 октомври 1854 (возр. 62)
Минхен, Кралство Баварија
СопружникЛудвиг I од Баварија
Полно име
македонски: Тереза Шарлотa Луиза од Саксонија-Хилдбургхаузен
германски: Therese Charlotte Luise of Saxony-Hildburghausen
ТаткоФредерик, војвода од Саксо-Алтенбург
МајкаВојвотка Шарлот Георгин од Мекленбург-Стрелиц
ВероисповедЛутеранство

Тереза честопати помагаше во управувањето на Кралството Баварија, особено кога Лудвиг отсуствуваше од Минхен за време на неговите бројни патувања, и таа имаше големо политичко влијание и учествуваше во решавањето на политичките прашања. Таа беше многу популарна меѓу поданиците и се сметаше дека отелотворува идеална слика за кралица, сопруга и мајка.