Тепаче
Тепаче е ферментиран пијалак направен од кора од ананас, а се засладува со нерафиниран шеќер или кафеав шеќер. Понекогаш се зачинува со чили во прав и се служи ладно. Тепаче обично го продаваат уличните продавачи во Мексико, складиран во буриња за да се забрза процесот на ферментација. Се служи во глинена кригла или во проѕирна пластична кеса со вметната сламка за носење. Во САД, се продава во барови или традиционални мексикански ресторани во југозападниот дел на САД.
Чаша тепаче во Мексико Сити | |
Земја на потекло | Мексико |
---|---|
Cookbook: Тепаче на Викикниги
|
Процесот на ферментација е едноставен и брз, што го прави пијалак кој лесно се произведува дома. Иако тепачето се ферментира неколку дена, добиениот пијалак не содржи многу алкохол. Процесот на ферментација се потпира на природен квасец и бактерии присутни на лушпите од ананас и во околината. Шеќерот служи како извор на хранливи материи за овие микроби, кои произведуваат млечна киселина и јаглерод диоксид, што придонесува за блага шумливост и киселиот вкус.
Тепаче се ферментира од различни микроорганизм: Lactobacillus pentosus, L. paracasei, L. planarum, L. lactis и квасец од родот Saccharomyces се пронајдени во тепаче.[1] За оптимална ферментација, се препорачува да се користи нерафиниран шеќер, кој го подобрува вкусот и бојата на пијалакот. Водата од чешма треба да се филтрира за да се отстрани хлорот, кој може да го инхибира процесот на ферментација. Во мексиканската кујна, содржината на алкохол во тепаче може да се зголеми со мала количина пиво.
Потекло
уредиТепаче датира од предколумбиското Мексико, како популарен пијалак меѓу народот Нахуа од централно Мексико; на ацтечкиот јазик, зборот tepiātl значи „пијалак направен од пченка“. Првично пченка била основа на тепаче, но современиот рецепт за тепаче користи кора од ананас како храна која се ферментира за да се произведе киселиот пијалак.
Комерцијализација
уредиПоради популарноста на тепачето во Мексико, пијалакот сега комерцијално се произведува како безалкохолен пијалак. Постојат неколку различни марки на тепаче, вклучувајќи го и Тепаче од корпорацијата Фрумекс. Оригиналниот Фрумекс тепаче содржел 12% сок и бил направен од ферментирани лушпи и пулпа заедно со малку шеќер, зачини и јачмен. Таа верзија била заменета со понова верзија која содржела само 10% сок и била без јачмен. Тој беше направен само од ферментиран сок од ананас, без кора или пулпа. Најновата верзија, сега ребрендирана како Тепачито, сè уште содржи само 10% сок, но таа е направена од ферментиран сок и кожа, без јачмен. Вклучува бел и кафеав шеќер и зачини.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ligenza, Alicja; Jakubczyk, Karolina Patrycja; Kochman, Joanna; Janda, Katarzyna (2021-09-27). „Health-promoting potential and microbial composition of fermented drink tepache“. Medycyna Ogólna i Nauki o Zdrowiu (polish). 27 (3): 272–276. doi:10.26444/monz/138713. ISSN 2083-4543.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)